Вебтун (корејски: 웹툰) — јужнокорејски цифрен стрип вообичаено наменет да се чита на паметни телефони. Вебтун може да се нарече манхва, поим што се користи за опишување на корејски стрипови.[1]

Рано оформување на вебтунот

Напливот на популарноста на вебтуните надвор од земјата во голема мера се должи на тоа што манхвата е многу погодна за читање на паметни телефони.[2] Како што цифрената манхва станувала популарна, печатеното објавување на манхва се намалувало. Количината на материјали објавени во облик на вебтуни сега достигнала иста количина како онаа објавена на физичките медиуми.[3]

Формат

уреди

Вебтуните се посебен вид цифрен стрип што покажува неколку забележителни одлики. Една од основните одлики на вебтуните е нивниот формат. За разлика од традиционалните стрипови што се објавуваат на повеќе страници, вебтуните се направени како долги, вертикални ленти. Овој распоред ги користи предностите на бесконечното платно, овозможувајќи им на читателите лесно да се движат низ содржината на паметни телефони и сметачи. Овој избор на дизајн го задоволува доживувањето при цифрено читање, правејќи ги вебтуните особено прифатливи за мобилни уреди.[4]

Друга клучна одлика на вебтуните е нивното вклучување на мултимедијални елементи. Многу вебтуни вклучуваат музика и анимации што го подобруваат доживувањето со раскажување приказни. Овие динамични одлики додаваат слој на интерактивност и ангажираност што обично не се среќава во традиционалните печатени стрипови. Способноста да се поврзат аудио- и визуелни ефекти создава побогато, повпечатливо доживување за читателите.

Дополнително, вебтуните обично се претставени во боја, во контраст со црно-белиот формат вообичаен во многу источноазиски стрипови. Оваа употреба на боја е добро прилагодена за цифрените платформи каде што се објавуваат вебтуни, како што се веб-страниците и примените. Енергичните визуелни слики придонесуваат за севкупната привлечност и пристапност на форматот вебтун.

Во Јужна Кореја, цифрената природа на вебтуните исто така влијаела на нивната содржина. Различни закони за цензура важат за онлајн материјали во споредба со печатените објавувања, што води до поширок опсег на содржини. Како последица на тоа, има забележливо присуство на еротски и сексуално изразити теми во јужнокорејските вебтуни, што ги одразува поблагите правила за цензура на семрежјето.

Модел на приходи

уреди

Веб-страниците што приредуваат вебтуни користат различни модели на плаќање. Некои нудат неколку поглавја бесплатно, додека други наплаќаат за читање. Некои мрежни места ви дозволуваат да читате одреден број поглавја секој ден без да платите. Создавачите на вебтуни можат да заработат пари преку реклами прикажани во нивните стрипови. Пред 2019 г., љубителските создавачи можеле да заработуваат и од кредитите дадени од нивните обожаватели. И професионалните и љубителските создавачи добиваат пари врз основа на тоа колку луѓе ги гледаат нивните вебтуни.[5]

Потекло и историја

уреди

Додека поединечни создавачи поставувале веб-стрипови од средината до крајот на 1990-тите, моделот на вебтун започнал во 2000 г. Таа година, Lycos Korea го пуштила разделот Manhwa Bang на нивната страница. Yahoo! Korea вовела слична услуга, Cartoon Sesang, две години подоцна. Во 2002 г., Корејската агенција за креативна содржина била создадена за поддршка на манхва и сродните индустрии, врз основа на Законот за поттик на културната индустрија.[6]

Во 2003 г., корејскиот веб-портал Daum пуштил веб-услуга наречена Daum Webtoon. Naver следел со своја сопствена услуга, Naver Webtoon, во 2004 г. И двете услуги нудат вебтуни бесплатно. Според Дејвид Велш од Bloomberg, стриповите сочинуваат четвртина од целата продажба на книги во Јужна Кореја. Над 3 милиони корејски корисници плаќаат за пристап до онлајн манхва, а 10 милиони читаат бесплатни вебтуни.[7]

Првиот вебтун на Јужна Кореја е《Uninhabited Island》(македонски: Ненаселен остров, корејски: 무인도) од Хан Хи Џак во 1996 г.[8]

Од јули 2014 г., Naver објавил 520 вебтуни, додека Daum објавил 434. Од раните 2010-ти, услугите како Tappytoon и Spottoon почнале да преведуваат вебтуни на англиски, а корејските издавачи како што се Lezhin, Toomics и TopToon почнале самостојно да ги преведуваат нивните дела. Некои популарни вебтуни преведени на англиски се: Lookism, Untouchable, Yumi's Cells, The Sound of Heart, Tales of the Unusual, The Gamer, The God of High School, Girls of the Wild's, Noblesse и Кула на Бог. Овие вебтуни стануваат сè попопуларни на западните трговишта, натпреварувајќи се со јапонските манги.[9]

Претходно, вебтуните биле оценети како „Сè“ (погодни за сите возрасти) или „18“ (само за возрасни). Почнувајќи од мај 2019 г., бил воведен нов систем на оценување, со категории за △ Сè △ 12 или постари △ 15 или постари △ 19 години (18 години) или постари. Десет платформи, вклучувајќи ги Naver и Daum, се очекува да учествуваат во овој нов систем.[10]

Нулово поколение

уреди

Најраните вебтуни биле оригинални стрипови скенирани и поставени на семрежјето, обично форматирани како единечни страници.

Прво поколение

уреди

Како што се подобрувала технологијата, авторите почнале да користат флеш-анимациски ефекти во нивните вебтуни.

Второ поколение

уреди
 
Пример за вебтун од второ поколение

Со подобрена технологија за претходно вчитување, подоцнежните автори усвоиле вертикален подвижен дизајн за вебтуни. За разлика од традиционалните стрипови со густи панели, лизгањето ги прикажува новите панели еден по еден. Овој вертикален формат овозможува понепречено и понепрекинато читање.[11]

Трето поколение

уреди

Со подемот на паметните телефони и таблетите, вебтуните се префрлиле на примени, вклучувајќи звуци за подобрување на изразите и интерактивни движења за истакнување на објекти и создавање возбуда.[12]

Пред 2014 г., повеќето вебтуни на англиски биле неофицијални преводи на обожаватели. Во јули 2014 г., Line на Naver започнал официјално да преведува и објавува популарни вебтуни на англиски јазик преку својата услуга Webtoon.[13][14]

Наводи

уреди
  1. Noh, Sueen. ""To Be or Not to Be, That Is the Question": What Is Happening with Korean manga, (Manhwa), Today?" International Journal of manga Art (IJOCA) 9.2 (2007): n. pag. International Journal of manga Art (IJOCA). John A. Lent, Sept. 2007. Web. 3 Dec. 2015.
  2. Millions in Korea are obsessed with these revolutionary comics — now they're going global
  3. [Noh, Sueen. ""To Be or Not to Be, That Is the Question": What Is Happening with Korean manga, (Manhwa), Today?" International Journal of manga Art (IJOCA) 9.2 (2007): n. pag. International Journal of manga Art (IJOCA). John A. Lent, Sept. 2007. Web. 3 Dec. 2015.]
  4. „Watchdog hit for excessive digital censorship“. 30 March 2015.
  5. „WEBTOON CANVAS Creator Rewards Program“. Архивирано од изворникот на 2021-11-14. Посетено на 2021-11-14. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  6. https://koreascience.kr/article/JAKO201824236535858.pdf
  7. Welsh, David (23 April 2007). „Forget Manga. Here's Manhwa“. Bloomberg.com. Посетено на 2016-04-27.
  8. „숫자로 보는 만화산업“ [Cartoon industry in numbers]. Etnews (Korean). 2016-06-23. Посетено на 2022-11-20.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  9. „[다시 도전이다] 미생·스틸레인 웹툰작가들, 美·中 독자도 웃고 울린다“. Wow TV. 2015-01-01.
  10. „웹툰 속 '극단적 선택' 표현…네이버·다음 등 '웹툰 등급제' 시행 예정“. Segyeilbo. 2019-05-14.
  11. Han, Chang-wan (2012-06-30). 애니메이션 연구6(Animation studies6). 한국 애니메이션 학회(Korean cartoon and animation studies). стр. 124–139.
  12. Jang, Wonho; Song, Jung Eun (2017-08-31). „Webtoon as a New Korean Wave in the Process of Glocalization“. Kritika Kultura (29). doi:10.13185/kk2017.02908. ISSN 2094-6937.
  13. „Popular Mobile Webcomic Service, WEBTOON, Debuts in the United States and Worldwide“. PRNewswire. Архивирано од изворникот на 7 July 2014. Посетено на 16 August 2014.
  14. „Korea's webtoon market experiences exponential growth over past 10 years“. Arirang News. Архивирано од изворникот 22 November 2021. Посетено на 16 August 2014.

Надворешни врски

уреди