Вајгач (руски: Вайга́ч; ненецки: Хэбиди) — остров во Северноледениот Океан помеѓу Печорското и Карското Море.

Вајгач
Вайга́ч
Хэбиди
Вајгач и Нова Земја
Географија
МестоСеверноледен Океан
Координати69°59′49″N 59°34′44″E / 69.99694° СГШ; 59.57889° ИГД / 69.99694; 59.57889
Површина3.383 км2
Должина100 км
Ширина45 км
Највисоко место170 м
Највисока точкаБолванскаја
Држава
Русија
ОбластАрхангелска
ОкругНенецки автономен

Одделен е од Југорскиот Полуостров на копното со Југорскиот Теснец, и од Нова Земја протокот Карска Врата. Островот административно влегува во состав на Ненецкиот автономен округ во состав на Архангелската област, Русија.

  • Површина: 3.383 км2
  • Должина: ~ 100 м
  • Ширина: до 45 км
  • Прос. температура: -20 °C (февруари), 5 °C (јуни)
  • Највиска точка: 170 м

Островот геолошки се состои претежно од агрилитни шкрилци, песочник и варовник. Има многу реки, долги по 20-40 км, мочуришта и помали езера. Во пределите преовладува тундрата, а долж подолгата страна се издигаат мали карпести сртови, наместа со ниски карпести возивишенија. На карпите често се забележува мраз, кој е веројатно морски, а не леднички. Денес е населено само местото Варнек (106 жители).[1]

Флора и фауна

уреди

Вајгач изобилува со треви, мовови и арктички ветни растенија. Нема дрвја, освен по некоја џуџеста врба. Повремено се забележуваат лисици и леминзи. Многу позастапени се птиците, како што се of патките и блатните кокошки по мочуриштата и езерата.

Природен резерват

уреди

Во 2007 г, Светскиот фонд за природа (WWF) и владата на Русија одвоиле дел од островот како природен резерват.[2] Водите околу островот се живеалиште на разни морски животни како моржови, фоки и загрозени китови.

Етнографија

уреди

Сè до XIX век, островот претставувал важно светилиште за домородните Ненци и на него стоела култна статуетка на бог со повеќе глави, обоена со крв од свети животни, претежно од ирваси. На него имало жртени клади од пловно дрво, еленски рогови и черепи од мечки и елени. И покрај тоа што денес се православни, Ненците сè уште негуваат вакви суеверни верувања.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. ТВ „Култура“ (руски)
  2. „New Nature Reserve For The Russian Arctic“. ScienceDaily. Светски фонд за природа. 6 јули 2007. Посетено на 29 април 2008.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди