Вајарство
(Пренасочено од Вајарка)
Вајарство во уметностите најчесто се однесува на скулптура, а скулптура (ваја) е било која тридимензионална форма создадена како уметнички израз.
Поимот скулптура исто така се однесува на уметничката дисциплина, акт или уметност на правење скулптури низ манипулација на материјали или, во современа уметност, низ поставување на предмет или дури и акт како скулптура. Уметникот што го прави ова е наречен „вајар“ (или вајар). Скулптура е исто така колективниот поим за колекција или жанр на скулптури т.е. грчка класична скулптура или егзибиција на скулптура. Скулптурите често се бојосуваат.[1]
Најпознати македонски вајари се: Томе Серафимовски, Боро Митриќески, Бранко Конески, Васил Василев, Жарко Башески, Митко Тошев и други.
Вајарството како мотив во уметноста и популарната култура
уреди- „Претколумбовска статуа“ - песна на полскиот поет Адам Важик од 1957 година.[2]
- „Статуи“ (англиски: The Statues) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[3]
- „Мраморен акт“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1988 година.[4]
- „Екстаза“ — краток расказ на македонскиот писател Александар Кујунџиски.[5]
- „Статуи“ - песна на рускиот поет Алексеј Паршчиков.[6]
- „Господинот Когито ја среќава во Лувр статуата на Големата мајка“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[7]
- „Грчки кип“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[8]
Наводи
уреди- ↑ „Gods in Color: Painted Sculpture of Classical Antiquity 22 септември 2007 Through 20 јануари 2008, The Arthur M. Sackler Museum“. Архивирано од изворникот на 2009-01-04. Посетено на 2010-01-08.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 83.
- ↑ Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 174-176.
- ↑ Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 30.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 86.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 235.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 128.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 366-367.