Ферчо Поп-Ѓорѓиев

Ферчо Поп Ѓорѓиев ( 1916 во Ваташа16 јуни 1943 во Ваташа) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите лица во Масакрот во Ваташа.[1]

Ферчо Поп-Ѓорѓиев
Роден 1916 година
Ваташа
Починал 16 јуни 1943 година
Моклиште, Ваташа.
Стрелан од бугарскиот фашистички окупатор
Националност Македонец
Роднини брат Илија Коцевски - Јанко

сестра Грозда Коцевска

Животопис

уреди

По занимање бил берберски работник, неговиот дуќан бил свртилиште на ваташките младинци. Уште од рани години се вклучил во редовите на антифашистичкото движење и активно соработувал со организираните ваташки младинци. Неговата куќа била сигурно место за престој на голем број илегалци, а во текот на 1942 година во неа престојувале и група борци од велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”. Неговата активност била особено голема во времето на подготовките за исфрлање на тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов”.[1]

Масакрот на ваташките деца

уреди
 
Телата на младинците од Ваташа, после масакрот извршен од Бугарските сили.

Во времето на јунската бугарска офанзива кога одредот бил разбиен на помали групи Ферчо активно помагал во прифаќањето и спроведувањето на групите во атарот на селото Ваташа. На 16 јуни Ферчо бил уапсен од бугарската полиција и стрелан заедно со останатите ваташки младинци во месноста Моклиште. Како еден од повозрасните врз него бугарските фашисти го истуриле сиот свој бес. Вилицата му била скршена, нозете под колената исечени, а целото тело било избодено со бајонети.[1]


Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 431–432. ISBN 978-608-4621-04-1.