Васил Котев наречен Циљо Кономладски (2 мај 1878 - 7 октомври 1903) — македонски револуционер, член на ТМОРО.[1]

Васил Котев
Роден 2 мај 1878
Кономлади, Костурско
Починал 7 октомври 1903
Лаген, Леринско

Животопис

уреди

Роден е во селото Кономлади, Костурско. Се вклучил во редовите на ТМОРО од самото нејзино основање во Костурско. Бил комита во четата на војводата Атанас Петров. Учествувал во убиството на Касам ага. Бил уапсен од турските власти во јули 1900 година поради револуционерната дејност и осуден на казна затвор до јануари 1901 година. Кон крајот на 1902 година бил четник во четата на војводата Митре Влаот. Бил способен агитатор на ТМОРО и со неговите револуционерни активности и заложби на теренот дал голем придонес за неуспехот на мисијата на полковникот Јанков да крене востание во Костурско. Во Илинденското востание учествувал како војвода на Кономладскиот центар. Ја предводел четата од неговото село. Бил учесник и во преземањето на гратчето Невеска. Со четата дејствувал во Костурско и во Мариовско.

На враќање од Мариово неговата чета паднала во заседа на планината Вич (Нередска) кај селото Лаген, Леринско, при што загинал во битка со турска војска.

Наводи

уреди
  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 154.