Ванчо Тушевски
Ванчо Тушевски (Кочани, 3 јули 1949 - Скопје, 27 октомври 2006) — македонски книжевен историчар, професор на Филолошкиот факултет во Скопје по македонска книжевност во ⅩⅠⅩ век. Автор на повеќе трудови од областа на историјата на македонската книжевност.[1]
Ванчо Тушевски | ||
Роден | 3 јули 1949 Кочани, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 27 октомври 2006 Скопје, Македонија | |
Занимање | универзитетски професор, литературен историчар |
Творештво
уреди- Јоаким Крчовски и изворите на некои негови дела, Скопје, 1985;[1]
- Поетика и реторика на новата македонска книжевност (ⅩⅠⅩ век), Скопје, 1985;[1]
- Студии за браќата Андреја и Константин Петкович, Скопје, 2000;[1]
- Јордан Хаџи Константинов Џинот. Живот и дело, Скопје, 2003;[1]
- Нова македонска книжевност, Скопје, 2008;[1]
- Истражувања на македонскиот фолклор, 2009