Валтер фест е манифестација која се одржува во Младеновац од 2018 година и има за цел да ги прикаже квалитетот, креативноста и богатата разновидност на филмската продукција во Србија во текот на годината преку избраниот репертоар на филмови од најновата продукција. Гледачите можат да ги видат и оние филмови кои веќе освоиле награди или се во конкуренција за филмски награди.

Фестивалот е од натпреварувачки карактер и според одлуката на стручното жири ќе биде награден најдобриот филм. За време на фестивалот, галеријата „Фоаје“ на Центарот за култура и туризам Младеновац организира изложба на фотографии од животот и култните остварувања на филмскиот великан Велимир Бата Живојиновиќ, бројни тркалезни маси и средби со еминентни филмски творци, креативни филмски работилници, трибини и разговори со филмски глумци и многу други содржини.[1][2]

Фестивал по години

уреди

2018 година

уреди

Првиот Валтер фест го отворила г-ѓа Јулијана Лула Живојиновиќ, сопруга на Велимир Бата Живојиновиќ.[3] На отворањето посетителите имаат можност да го погледнат акциониот филмЈужен ветер“. На проекцијата на филмот, кој е и дел од натпреварувачката програма на фестивалот. Пприсуствувале жирито и членовите на советот, како и глумците и режисерот на филмот, кои се поклонилр на присутните.[4]

2019 година

уреди

Вториот Валтер Фест го отворил Радош Бајиќ на 24 октомври 2019 година. Наградата за животно дело и била доделена на Мира Бањац.[5]

Датум Време Програма
24 октомври 18.00 Кучињата умираат сами
20.00 часот Четири рози (претпремиера)
25 октомври 18.00 Делириум тременс
20.00 Ајвар
26 октомври 11.00 Фиксизи - мајстори
21.00 Воена академија 5
27 октомври 11.00 Фантастика: Во потрага по златни рогови
18.00 Екипа
20.00 Пијавици

Награди:[6]

2020 година

уреди

Третиот Валтер фест се одржал на 3 октомври 2020 година. Наградата за животно дело била доделена на Власта Велисављевиќ.[7]

Време Програма
18.30 Концерт на Лена Ковачевиќ
19.30 Љубов и мода

Наводи

уреди
  1. „Valter fest Mladenovac - Centar za kulturu i turizam Mladenovac“. Centar za kulturu i turizam Mladenovac (српски). Архивирано од изворникот на 24 октомври 2019. Посетено на 19 ноември 2018.
  2. „Prvi Valter Fest u Mladenovcu od 28. do 30. septembra“. FCS. Посетено на 19 ноември 2018.
  3. „VALTER BRANI MLADENOVAC! FESTIVAL U ČAST GLUMAČKE LEGENDE! Lula Živojinović poručila: Batino ime nastaviće da živi! (KURIR TV)“. kurir.rs (српски). Посетено на 19 ноември 2018.
  4. „Otvoren je Prvi Valter fest - Centar za kulturu i turizam Mladenovac“. Centar za kulturu i turizam Mladenovac (српски). 28 септември 2018. Архивирано од изворникот на 2022-01-21. Посетено на 19 ноември 2018.
  5. „Drugi Valter fest 2019. od 24. do 27. oktobra“. Centar za kulturu i turizam Mladenovac (српски). 21 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 24 октомври 2019. Посетено на 24 октомври 2019.
  6. Janković, Zoran (28 октомври 2019). „Završen drugi Valter Fest u Mladenovcu“. FCS. Посетено на 4 октомври 2020.
  7. Janković, Zoran (3 октомври 2020). „Danas u Mladenovcu – treći Valter Fest“. FCS. Посетено на 4 октомври 2020.