Љубов и мода
„Љубов и мода“ (српски: Љубав и мода) — филм на режисерот Љубомир Радичевиќ од 1960 година. Главните улоги ги играат: Беба Лончар, Мија Алексиќ, Миодраг Петровиќ Чкаља, Милош Жутиќ, Миќа Татиќ, Властимир Ѓуза Стојиљковиќ. Филмот ја прославил Беба Лончар која набргу заминала во странство, а исто така, во филмот се појавуваат и Иво Робиќ, Габи Новак и Арсен Дедиќ. Музиката од филмот стекнала култен статус, особено песната „Девојко мала“ која ја исполнува Стојиљковиќ.[1]
Синопсис
уредиЗа да заработат пари потребни за одржување на аеро-смотра, неколку студенти организираат модна ревија за претпријатието „Југошик“ при што се служат со ситни измами. Ревијата е успешна и никој не трпи штета, а на крајот, студентката Соња (ја игра Лончар) и модниот творец Бора ги решаваат своите несогласувања...