Википедија:Прирачник за стилот (медицински статии)

(Пренасочено од ВП:ПЗСМЕД)
Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ПЗСМЕД

Стил на пишување

уреди

Општо, стилот на пишување во статијата треба да биде одраз на природата на Википедија како енциклопедија. На пример:

  • Не му се обраќајте директно на читателот. Вашиот стил на пишување не треба да изгледа дека нуди медицински совет. Затоа, избегнувајте вакви реченици, особено реченици кои го користат зборот треба, бидејќи тие често даваат несоодветни совети, наместо чисти факти (на пр. „Луѓето со овој симптом треба да побараат медицинска грижа.“).
  • Не користете формат на прашања и одговори или на список на најчесто поставувани прашања. Користете описни реченици за директно и концизно да му ги кажете фактите на читателот.
  • Не ги искажувајте Вашите мислења во врска со научни истажувања.
  • Не давајте детална анализа на една индивидуална студија, освен ако самата анализа не е земена од издаден веродостоен извор. Со други зборови, концизно искажете ги фактите за одредена тема. Не треба детално да ја дискутирате литературата од која произлегле фактите. Општо, фактите можат да се најдат во пасусите „Заклучок“ или „Резултати“ во студијата, а не во деталната методологија. Според тоа:
    Правилно: „Миењето раце после дефекација ја намалува шансата од дијареа при престој во дивината.“
    Непотребно: „Според една неконтролирана анкета од 1997 година на 132 планинари кои пешачеле на долги патеки на Андите се дошло до заклучок дека миењето раце после дефекација ја намалува шансата од дијареа при престој во дивината.“
  • Не создавајте фама околу некоја научна студија со тоа што ќе ги наведете имињата, титулите, институциите или други „квалификации“ за нивните автори. Секогаш избегнувајте професионални/академски титули: користете „Јанкуловски“ и „Смит“, наместо „доктор Јанкуловски“ или „професор Смит“.
  • Повеќето мнемонички техники се незначајни конструкции чија првенствена цел е да им помогнат на студентите на медицина да ги положат тестовите. Пишете ја информацијата која тие ја нудат, но не ги пишувајте нив самите, затоа што имаат вештачка структура која го одвлекува вниманието од темата.
  • Потпрете се на вики-врските за статиите да останат фокусирани и да се оневозможи давање на преголема важност на периферни детали. На пример, кога пишувате статија за некое испитување на крвта, избегнувајте детални описи за нормалнита процедура за венепункција или, пак, за типот на вакутејнер кој се користи. Наместо тоа, направете вики-врски до статии кои ги објаснуваат нормалните процедури, а во текстот на статијата задржете се на важните и уникатни информации за тестот.
  • Кога спомнувате стручни поими (медицински жаргон) за првпат во статијата, паралелно дадете и едно кратко објаснување за поимот во загради на секојдневен македонски јазик. Ако концептот е премногу сложен за ова, дајте вики-врска до други статии. Ставајте врски само до статии кои што можат да му помогнат на читателот и кои што се разумно поврзани со темата.
  • Википедија не е процедурален прирачник: избегнувајте давања на упатства од типот „како да го направите тоа и тоа“. На пример, при пишување на статија за некоја хируршка процедура, избегнете вклучување на список на потребна опрема или на упатства за тоа како да се држат, чистат и складираат посебните делови на медицинската опрема. Наместо тоа, напатствијата и процедурите треба да бидат опишани на неутрален начин за читателот, со користење на пасивен говор.
  • Википедија не е збирка на прикази на случаи и треба да се избегнува користење на премногу такви примери во статиите.
  • При наведување на фармацевтски лекови во медицински статии, користете го генеричкото име на лекот. Името на лекот со вики-врска може да биде проследено со комерцијално име во загради, на пример „bromazepam (Lexilium)“.