Бучинци (археолошки наоѓалишта)

  • Градиштеградиште од раноантичкото и римското време. На 100 м западно од селото, на доминантна височинка со зарамнето плато се среќаваат фрагменти од керамички садови карактеристични за раноантичкото и римското време. На подножјето на градиштето од источната страна, во лозјата се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал (тегули, имбрекси, а и монети од Јустинијан I). Според последните археолошки истражувања, на ова наоѓалиште откриена е некропола од VII и VIIII век п.н.е. Пронајдените артефакти, меѓу кои итн. македонско-пајонска бронза го покажуваат погребниот ритуал на пајонските племиња, чии живеалишта се приближно во исти граници на денешната Македонија и според досегашните сознанија е најсеверната граница на која живееле пајонските племиња.[1]
  • Ограданаселба од римското време. Неколку стотици метри јужно од селото, при изградбата на браната за наводнување се откриени темели од објект. На релативно мал простор се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал (камен, тегули).[2]


Наводи уреди

  1. „Некропола од железно време,с. Бучинци –Скопско“ (PDF). Вечер. Посетено на 2010-12-03.
  2. Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје, Македонија