Бурмали џамија (Истанбул)

Бурмали џамија (турски: Burmalı Mescid Camii) — џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција.

Бурмали џамија
турски: Burmalı Mescid Camii
Основни податоци
МестоИстанбул, Турција
Припадностислам
ЕпархијаФатих
Осветен1550
Духовно-организациски статусактивна
Архитектонски опис
Архитект(и)Емин Нурети ефенди
Архитектонски типџамија
Особености
Минариња1
Материјаликамен

Местоположба

уреди

Џамијата се наоѓа во населбата Фатих во Истанбул.

Историја

уреди

Џамијата била изградена во 1550 година од страна на Емин Нурети ефенди, кадиаскер на Египет. Името Бурмали (спирала) го добила според спиралното минаре, архитектонски стил кој бил преземан од Селџуците. Џамијата нема купола, туку има терм кој е изграден со четири византиски столбови. Невообичаено, влезот во џамијата не се наоѓа во центарот зад столбовите.

Џамијата долго време се користела како работилница. За верниците била повторно отворена во 1955 година, кога била и реновирена.[1][2].

Наводи

уреди
  1. Taylor, Jane (2007). Imperial Istanbul: a traveller's guide. Tauris Parke Paperbacks. стр. 158–59. ISBN 978-1-84511-334-6.
  2. Freely, John (2000). The companion guide to Istanbul and around the Marmara. Companion Guides. стр. 144–45. ISBN 978-1-900639-31-6.

Надворешни врски

уреди