Буриданово магаре
Буриданово магаре е илустрација за парадокс во филозофијата во врска со концептот на слободна волја.

Тој се однесува на хипотетичка ситуација во која магаре е ставено точно на средина меѓу два пласта сено, или пласт сено и кофа вода. Со оглед на тоа што парадоксот претпоставува дека магарето ќе го одбере она што е поблиску, тоа наводно умира од глад (или од глад и жед) оти не може да донесе разумна одлука кој стог или опција да ја избере[1]. Парадоксот е наречен според францускиот филозоф од XIV век Жан Буридан и ја сатиризира неговата филозофија на морален детерминизам.
Наводи
уреди- ↑ „Buridan's ass: Oxford Companion to Phrase and Fable“. Encyclopedia.com. Посетено на 2009-12-15.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |