Бунт на бродот Баунти (филм од 1962)

Бунт на бродот Баунти (англиски: Mutiny on the Bounty) - американски филм од 1962 година, во режија на Луис Мајлстоун по сценариото на Чарлс Ледерер, засновано врз истоимениот роман на Чарлс Нордхоф и Џејмс Норман Хол. Главните улоги ги играат: Марлон Брандо, Тревор Хауард, Ричард Харис и Тарита. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во седум категории, но не победил во ниту една од нив. Исто така, филмот добил слаби оцени од филмската критика, која сметала дека истоимениот филм од 1935 година бил многу подобар.[1]

Содржина

уреди

Во филмот се опишува бунтот на бродот „Баунти“ којшто во втората половина на XVIII век пловел од Британија до нејзините колонии. Со бродот управува капетанот Блај (го игра Хауард), кој од самиот почеток на пловидбата е во остри односи со офицерот Кристијан (го игра Брандо). Кога бродот пристигнува на Тахитите, средбата со гостољубивите домородци и со убавите девојки привремено ја намалува затегнатоста на нивните односи, но на враќање кон Британија капетаност станува невозможен. Заинтересиран само за товарот што го носи бродот, тој постепено ги намалува залихите на храна и вода. Најпосле, Кристијан одбива да се потчини на наредбите на капетанот и му дава вода на еден морнар кој умира и тогаш започнува бунтот на бродот.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „HRT (пристапено на 17.11.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-11-19. Посетено на 2017-11-24.