Договор од Букурешт (1812)
(Пренасочено од Букурешки договор (1812))
Букурешкиот договор од 1812 година е договор помеѓу Отоманската и Руската Империја потпишан на 28 мај 1812 година на крајот од Руско-турската војна која се водела од 1806 до 1812 година.
Тип | мировен договор |
---|---|
Потпишан | 5 јули 1812 |
Место | Букурешт |
Странки | |
Јазици | руски, отомански |
Согласно договорот, Бесарабија (источната половина од Молдавија) била припоена кон Руската Империја, реката Прут станала нова западна граница на Руската Империја. Исто така Русија се здобива со право на трговија низ реката Дунав.
Договорот бил потпишан од рускиот командант Михаил Кутузов, ратификуван од страна на Александар I само еден ден пред Наполеон да изврши инвазија над Русија.