Будинарска тврдина

Будинарската тврдина се наоѓала во близина на денешното село Будинарци, Општина Берово, Македонија[1]. Тврдината се издига 20—70 м високо над реката Брегалница. Тврдината била изградена во античко време, и зафаќала простор голем 300 × 60 м. На просторот на акрополата, со димензии 55 × 50 м., врз доцноантичкото обѕидие бил подигнат еден подоцнежен ѕид без малтер (од прирачен материјал). Очигледно настанал во средниот век. Постојат и предмети кои датираат од средниот век, како и парчиња од словенски бронзен накит: прстења, делови од белегзии, појасни токи, приврзоци, парчиња од стаклени белегзии.

Будинарска тврдина
Општи податоци
ГрадБудинарци, Општина Берово
ЗемјаМакедонија

Денеска, не е познато дали во минатото постоел град по име Малешево, за кое се смета дека всушност бил изграден околу оваа тврдина. Во повелбата од 1019 година, како една од енориите на Мородвишката епархија е наведено и Малешево. Во патописот на арапот Идриси од средината на 12 век се наведува: на ден и пол пат од Формандус Модрас (Морозвизд ?) лежело местото Малсуда (Малешево), опкружено со планини, селски имоти, градини, полиња, пасишта и шуми. Не е јасно дали Идриси тука мисли на еден град или само на регионот Малешево. Во едно писмо на охридскиот архиепископ Теофилакт од почетокот на 12 век што го упатил до епископот на Триадица (Средец) ја спомнал и Малешевската и Струмичката епархија.

Наводи

уреди