Амар Хоџиќ (Сараево, 22 септември 1989), подобро познат под името Буба Корели (Buba Corelli), е босански рапер и пејач.[1]

Почеток на кариера

уреди

Како тинејџер Амар бил член на сараевската рап-групата G-Recordz. Ја снимил првата песна во 2004 година година во групата Корели дуо. По распадот на групата, Амар престанал да работи со рапување до 2009 година ,кога се запознал со Јасмин Фазлиќ, попознат како " Јала брат" , со кого снимил ЕП наречен Sin City, додека во 2014 година и 2016 година ги објавил албумите  Пакт со ѓаволот и круната, исто така во соработка со Џала Брат .[2]

Буба Корели почнал да оди нагоре на крајот на 2015 година, кога ја објавил песната Хабиби, а во 2016 година следеле песните То ме ради, Клиника, Не волим, потоа во 2017 година Ултиматум, Его, Нема боље. Покрај песната То ме ради која е снимена со Маја Беровиќ, тој снимил уште две песни со неа со наслови Balmain и Мали лоти кои се наоѓаат на нејзиниот албум  Викторијина тајна , а авторите на нејзиниот албуми исе Буба, и неговиот колега Џала Брат . Најдобрата година зад него е 2018 година. кога го објави албумот Aлфа и Омега во соработка со Џала Брато. Ја објавил  песната Mafia, а врвот на неговата работа е песната на Balenciaga која добро помина меѓу неговите обожаватели. Потоа, Буба имал конфликт со М.С. Стојан поради неговата песна La Miami.[3] Успехот се нижел па ја објавил песната Она'е. Една година подоцна, направил уште еден дует со Маја Беровиќ на нејзиниот албум 7 со песната Право време, која одлично помина кај публиката, како и со претходните песни на Balenciaga и Она'е .

Поради нивната голема популарност во регионот, Буба и Џала одржаа концерт на белградскиот стадион Ташмајдан на 23 јуни 2018 година, на кој присуствуваа повеќе од 15 илјади посетители.[4]

Дискографија

уреди

Албуми и ЕП-ови

уреди
  • Sin City ( ft. Џала Брат , 2013)
  •  Пакт с ђаволом(ft. Џала Брат, 2014)
  • Круна (ft. Џала Брат, 2016)
  • Алфа и Омега (2018)

Синглови

уреди
  •  Ја те више не волим(ft. ,2014)
  • Хабиби (ft. Rasta , 2015)
  • То ме ради (ft. Џала Брат и Маја Беровиќ , 2016)
  • Комфорт (2016)
  • Фетиш (2016)
  • Старu радио (ft. Џала Брат, 2016)
  • Њу би да љубимј (2016)
  • Доказn(2016)
  • Спорије(2016)
  • Клинка ( ft.Џала Брат, 2016)
  • Не волим (ft. Џала Брат и Елена , 2016)
  • Ултиматум (ft. Џала Брат, 2017)
  • Его (ft. Џала Брат и Милан Станковиќ , 2017)
  • Уста на уста (2017)
  • Нема боље (ft. Џала Брат и Раф Камора , 2017)
  • Премија ( ft. Наида Бешлагиќ , 2017)
  • Опасно (2017)
  • (ft. Џала Брат, 2018)
  • (2018)
  • Она'е (ft. Џала Брат и Цоби , 2018)
  • Право време (ft. Маја Беровиќ, 2018)
  • Ризик ( ft. Селма Бајрами , 2018)
  • Бенга по снијегу (ft. Џала Брат, Раста, 2018)
  • Мила (ft. Џала Брат, 2018)

Наводи

уреди
  1. „Buba Corelli diskografija“. discogs.com. Посетено на 1 декември 2011.
  2. „IDJ World - Buba Koreli“. Архивирано од изворникот на 2017-04-26. Посетено на 8 јуни 2011.
  3. Bukti rat Bube Korelija i MC Stojana, a nakon nove poruke srpskog pevača na račun bosanskog repera nastaće totalni haos! (FOTO) (VIDEO), Посетено на 11 октомври 2018.
  4. Jala Brat i Buba Corelli napunili beogradski Tašmajdan Архивирано на 4 ноември 2018 г., Посетено на 11 октомври 2018.