Брод на будалите (филм)

„Брод на будалите“ (англиски: Ship of Fools) — американски филм од 1965 година, во режија на Стенли Кремер (Stanley Kramer) по сценариото на Аби Мен (Abby Mann), засновано врз истоимениот роман на Кетрин Ан Портер (Katherine Anne Porter). Главните улоги ги толкуваат: Вивиен Ли (Vivien Leigh), Симон Сињоре (Simone Signoret), Хосе Ферер (Jose Ferrer), Мајкл Дан (Michael Dunn), Ли Марвин (Lee Marvin), Оскар Вернер (Oskar Werner), Елизабет Ешли (Elizabeth Ashley) и Џорџ Сигал (George Segal). Своевремено, филмот бил многу ценет од филмските критичари, иако му забележувале дека трае предолго. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во шест категории, вклучувајќи ги и категориите најдобар глумец (Вернер), најдобра глумица (Сињоре) и најдобар спореден глумец (Дан), а победил во категориите сценографија и црно-бела фотографија.[1]

Содржина

уреди

Во 1930-тите, еден брод птува кон Германија. На бродот се качуваат патници од најразлични сталежи: од работници на фарми до грофици, а тоа предизвикува затегнати односи меѓу нив, но исто така се раѓаат и некои интересни лични приказни. Меѓу патниците се таинствената грофица (ја игра Сињоре) која патува со цел да посети еден германски логор, шармантниот д-р Шуман (го игра Вернер) кој боледува од кобна болест на срцето и американската разведена жена Мери Тредвел (ја игра Ли) која залудно се трка со времето. За време на повеќенеделното патување, на бродот се развиваат пријателства и спротивности и се откриваат разни тајни...

Наводи

уреди