Бригела (Brighella) – личност од Комедија дел арте, можеби еден од најчудните ликови. Тој е ѕани.

Бригела

Тој е еден од најстарите и најпостојани типови на слуга на италијанската комедија. Неговото име доаѓа од италијанскиот збор „briga“ – кавга. Тој е бивш селанец, како и Арлекин, од Бергамо, кој зборува на дијалект типичен за таа област. Работи како слуга и често краде и лаже. Носи платнена бела блуза, долги бели панталони, палто и бела шапка. Костумот му е опшиен со зелени рабови. На појасот носи црн каиш на кој се прикачени бодеж и кесе. Обувките му се од жолта кожа. Носи темна маска (вообичаено маслинесто зелено), со црни мустаќи и брада.

Способен за сè, дрзок со жените, фалбаџија кога нема од што да се плаши, Бригела може, благодарение на медениот јазик, музичкиот и танцов талент и на ретката умешност, да дава различни услуги. Тој нема аверзија кон никаква професија и станува, според потребите на пригодата, војник, судски службеник, слуга на џелат. Тој е меанџија, кој и покрај малите улоги, ги тера гледачите да ја разберат претставата. Тој е умен слуга, стројник, манипулира со своите господари.

Надворешни врски

уреди
Комедија дел арте
 
Бригела

Арлекин | Бригела | Буратино | Инаморати | Доторе | Ѕани | Џопино | Ил Капитано | Касандра | Ковиело | Коломбина | Панталоне | Педролино | Пулчинела | Скарамуча | Стентерело | Тартаља | Труфалдино | Фантеска

 
Арлекин