Пулчинела (Pulcinella, Polichinelle) – лик од италијанската комедија дел арте. Тој е еден од јужниот (неаполски) квартет заедно со Тарталја, Скарамуча и Ковело. Името значи „пиленце“ (pulcino на италијански е еднодневно пиле).

Пулчинела

Неговата маска се раѓа во XVI век во Јужна Италија (поконкретно во градот Ачера, во близина на Неапол). Тој е слуга кој ги комбинира карактеристиките на првите и вторите ѕани - едноставен, пресметлив, суптилен. Тој е оженет, но неговата сопруга постојано го лаже мами. Неговиот лик конечно се формирал во 17 век, кога неговата улога ја играле некои од најдобрите глумци.

Облечен е во облека направени од груба ткаенина носи шилеста шапка, а маската му наликува петел. Единствениот музеј целосно посветен на Пулчинела денес е во Ачера.

Надворешни врскиУреди

Комедија дел арте

Арлекин | Бригела | Буратино | Инаморати | Доторе | Ѕани | Џопино | Ил Капитано | Касандра | Ковиело | Коломбина | Панталоне | Педролино | Пулчинела | Скарамуча | Стентерело | Тартаља | Труфалдино | Фантеска