Каиш[1][2], колан[3][4] или ремен[5][6] — дел од облека, кој се носи околу струкот, врз гардероба како што се панталони, бермуди и др. Најчесто се изработува од кожа и има функционална и декоративна улога. Функционалната улога се гледа во спречувањето на панталоните да паднат.

Стандарден каиш од црна кожа

Историја

уреди

Каишите претставуваат дел од машката гардероба уште од бронзеното доба.[7] Подоцна почнале да го носат обата пола во зависноста од моменталната мода.

Во војска каишот, опасачот, е дел од униформата. Опасачот има функционална улога, затоа што на опасачот се закачува држачот за нож, чинија за вода и останати делови на воената опрема. Исто така, на опасачот по потреба можат да се закачат трегери кои имаат функција дополнително да ја затегнат опремата на војникот. Естетската и психолошката функција се огледува во тоа дека опасачот, кога е затегнат, ја истакнува атлетската фигура на војникот, посебно рамениците и градите, што позитивно влијае врз моралот и самодовербата на војникот, а негативно на моралот на непријателската војска.

Занимливости

уреди

Во разговорниот јазик изразот „да затегнеш каиш“ има пренесено значење и укажува на потреба за штедење.

Наводи

уреди
  1. „каиш“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „каиш“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „колан“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „колан“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „ремен“Дигитален речник на македонскиот јазик
  6. „ремен“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  7. „Scottish Archeological Research Framework“. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 2019-11-10.