Браунијанизам
Браунијанизам е учење на шкотскиот лекар Џон Браун (1735 - 1788) според кое живите суштества се разликуваат од неживите работи по тоа што имаат способност за надразнување, односно со надворешни дејства да бидат поттикнувани на активност. Било објавено во 1780 во неговата публикација Elementa Medicinae. Според оваа теорија, се заклучувало оти причината за болеста е отсуството на надразливост на организмот или претерано големата надразливост.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |