Бранко Петковски
Бранко Стојанов Петковски ( 1922 во Куманово — 13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиСе преселил во Скопје и работел како општ работник. Во периодот на окупацијата учествувал во извршувањето на диверзантските акции против окупаторот, како и во низа други акции организирани од скопските младинци. Есента 1944 година, стапил во борбените редови во Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил учесник во борбите против балистите во околината на Скопје. Како пушкомитралезец се истакнал со својата храброст. На 13 ноември 1944 година учествувал во уличните борби за ослободувањето на Скопје. При заземањето на зградата на бившото учителско училиште, загинал. Во оваа борба биле заробени 86 германски војници.[1]