Бранка Лазарова Ѓорческа (Штип, 1924 - Тетово, 1 мај 2018) - учесник во НОБ, носител на Партизанска споменица од 1941 година.[1]

Бранка Ѓорческа
Роден(а)1924
Штип,  Кралство Југославија
Починал(а)1 мај 2018
Тетово, Македонија Македонија
Занимањеучесник во НОБ

Животопис уреди

Ѓорческа е родена во Штип во 1924 година. Била учесник во Народноослободителната борба од 1941 година, припадник на Кумановскиот одред во 1943 година. Како истакнат борец и храбра жена била избрана за секретар на Третиот баталјон на СКОЈ во Третата народноослободителна бригада, секретар на бригадниот комитет на СКОЈ во четвртата бригада, секретар на дивизискиот комитет на СКОЈ во 50-та и 51-та девизија.

По ослободувањето станала член на Огласниот комитет во Штип, член на Окружниот комитет на СКОЈ во Скопје, командант на младинската бригада на изградбата на пругата Брчко Бановиќ и организациски секретар на Градскиот комитет на КПЈ во Тетово.

Како храбар и истакнат борец во Мајската офанзива Ѓорческа била ранета. Иако воен инвалид, учествувала во изградбата на Македонија, заземајќи разни должности. Одликувана е со Орден за храброст, Орден за братство и единство, Орден на Републиката со бронзен венец, Орден на трудот со црвено знаме, Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда.

Починала во Тетово на 1 мај 2018 година.[2]

Наводи уреди

  1. Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во народноослободителната војна и револуцијата 1941-1945; Марија Јовановиḱ, Институт за национална историја, 1976
  2. 02.05.2018 - IN MEMORIAM[мртва врска]