Бошњачка Чешма (Кучевиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Бошњачка Чешма

Карта

Местоположба 42°6′34″N 21°25′4″E / 42.10944° СГШ; 21.41778° ИГД / 42.10944; 21.41778
Основни податоци
Место Кучевиште
Општина Чучер-Сандево
Тип

 некропола


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Бошњачка Чешманекропола од доцноантичкото време во атарот на селото Кучевиште. Во 1989 година, при копањето на канал за водоводна инсталација, на улица „Призренска“ бр. 53, во куќен двор е откриен доцноантички гроб. Гробната конструкција е направена од обработени камени блокови, помал фрагмент од саркофаг, една цела и една фрагментирана надгробна плоча со латински натписи. Стелите и гробните наоди се чуваат во Музејот на Град Скопје.[1]

Поврзано

уреди
  • Град — градиште од доцноантичко време;
  • Градиште — утврдена населба од доцноантичко време;
  • Кучевиште — осамени наоди од римско време; и
  • Радишко — некропола од римско време.

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069