Ботанички Залив

(Пренасочено од Ботани (залив))

Ботанички залив или Ботани (англиски: Botany Bay, порано понекогаш се користел и терминот англиски: Botanist Bay) - Залив во Тасманово Море во близина на источниот брег на Австралија, 8 километри јужно од центарот на Сиднеј, откриен од Џејмс Кук на 29 април 1770 година. Џејмс Кук го именувал заливот во чест на неговите пријатели - истражувачи и придружници на првото патување околу светот на бродот „Ендевор“. Тоа биле ботаничарите Сер Џозеф Бенкс и Даниел Соландер, кои на бреговите од заливот проучувале и опишале многу растенија дотогаш непознати за Европејците. Тие исто така ги опишале животните, пред сѐ торбарите. Според друга верзија, името на заливот го дал самиот Бенкс.[2]

Ботанички Залив
Слика од воздух на Сиднеј на која во преден план се гледа Ботаничкиот Залив.
Може да се видат и двете писти од Сиднејскиот аеродром кои навлегуваат во заливот.
ПодрачјеСиднеј
Координати33°59′59″S 151°13′59″E / 33.99972° ЈГШ; 151.23306° ИГД / -33.99972; 151.23306
ВидЗалив[1]
Главни приливиРека Џорџес, и Кукова Река
Главни истециТасманово Море
Слив{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
}}
54,9 km2 (21,2 ми) км2
Најг. должина10 kм (33,000 ст) км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
}}
39,6 km2 (15,3 ми) км2
Прос. длабочина11.4 м (37 ст) м
Зафатнина440,815.8 km3 (105,757.3 cu mi) км3
ПорталNSW Environment & Heritage webpage

Ботаничкиот Залив е познат по тоа што Првата флота од Велика Британија пристигнала на тоа место на 18-20 јануари 1788 година со идните доселеници на Австралија. Сепак, затоа што во близина немало доволно свежа вода и затоа што заливот не бил заштитен од морските ветрови, на 26 јануари 1788 година, Првата флота се преселила во заливот Порт Џексон, кое што било по прикладно место за изградба на пристаништа, а се наоѓа на само 12 километри северно од Ботаничкиот Залив, каде што била основана првата европска населба во Австралија - градот Сиднеј.

Денес градот Сиднеј се прошири до Ботаничкиот залив. На северниот брег од заливот се наоѓа Сиднејското предградие - Маскот, во чиј склоп се наоѓа Сиднејскиот аеродром, а некои од пистите влегуваат во заливот.

При влезот, заливот е широк 2,2 км и длабок од 18 до 31 м. Во Ботаничкиот залив се влеваат реките Кук и Џорџес.

Во заливот има пристаништето со исто име. Бројот на населението во околина на заливот изнесува околу 35 илјади луѓе.

Наводи

уреди
  1. Roy, P. S.; Williams, R. J.; Jones, A. R.; Yassini, I.; и др. (2001). „Structure and Function of South-east Australian Estuaries“. Estuarine, Coastal & Shelf Science. 53 (3): 351–384. doi:10.1006/ecss.2001.0796.
  2. Ботанибей“. Енциклопедиски речник „Брокхаус и Ефрон“ : во 86 тома (82 тома и 4 доп.). Санкт Петербург. 1890–1907.