Босанска арабица
Босанската арабица (бошњачки: arebica, arabica) е верзија на персоарапското писмо која се користела за запишување на босанскиот јазик. Оваа азбука се користела во периодот од 15 до 19 век. Пред Првата светска војна имало неуспешни обиди за присвојување на арабицата како трето писмо за босанскиот јазик, покрај кирилицата и латиницата. Последната книга печатена на арабица била во 1941 година.
Еден од најстарите текстови напишани на арабица е љубовна песна именувана како „Хрватска песна“ (Chirvat-türkisi). Песната била напишана во 1588 г. од извесен Мехмед од Босна. Овој ракопис е во музејот во Виена. Покрај книжевноста, арабицата се користела во верските училишта, администрацијата, но сепак во помал обем одошто другите писма.
Арабицата се заснова на персоарапското писмо користено во Отоманското Царство со дополнителни букви кои претставувале босански гласови кои ги немало во арапскиот. Последната модификација на писмото било направено од Мехмед Џемалудин Чаушевиќ кон крајот на 19 век.
Првата книга отпечатена на аребица со ISBN и CIP по 72 години е „Епохе фонетске мисли код Арапа и аребица“, објавена во април 2013 г. во Белград (автор: Алдин еф. Мустафовиќ, издавач: Велики Црлени (Дарко Бабиќ)). Оваа книга е дополнување на стандардизација на аребица кој се потпира на Чаушевиќ верзија, и е исто така учебник за високото образование.[1]
Писмо
уредиарабица | латиница | арабица | латиница | арабица | латиница |
---|---|---|---|---|---|
آ | a | غ | g | ۉ | o |
ب | b | ح | h | پ | p |
ڄ | c | اى | i | ر | r |
چ | č | ي | j | س | s |
ݘ | ć | ق | k | ش | š |
د | d | ل | l | ت | t |
ج | dž | ڵ | lj | ۆ | u |
ج | đ | م | m | و | v |
ئه | e | ن | n | ز | z |
ف | f | ںٛ | nj | ژ | ž |
Пример:
- مۉلٖىمۉ سه تهبٖى بۉژه = Molimo se tebi, Bože (Ти се молиме тебе, Боже)
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-13. Посетено на 2013-05-02.
- Enciklopedija leksikografskog zavoda, entry: Arabica. Jugoslavenski leksikografski zavod, Zagreb, 1966
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Пример за арабица Архивирано на 14 август 2012 г.
Оваа статија за писмо е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |