Борче Орешански (роден на 28 мај 1949 година во Винце, Куманово) — македонски поет.

Животопис

уреди

Основно и средно образовани завршил во Скопје, каде што исто така и дипломирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет. Живее и работи како самостоен уметник во Скопје. Член е на Друштво на писатели на Македонија[1].

До сега има објавено дванаесет збирки поезија за деца и две монографии.

За поемата Трпеза има добиено награда „Глигор Прличев“ во 2001 година.

Дела

уреди
  • Мисла ум;
  • Нова семка;
  • Патот на мисла ум;
  • Селидба;
  • Птиците на Маџари;
  • Со вера во вистинскиот Бог;
  • На патот божји;
  • Трпеза.

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.