Борче Димовски
Борче Димовски (Шестево, Костурско, 15 март 1943 - Штутгарт, Германија, 27 јуни 2014) — македонски спортист, прославен борач и еден од првите македонски олимпијци кој настапил на олимписките игри во Мексико.
Борче Димовски | ||
Роден | 15 март 1943 Шестево, Грчка Држава | |
---|---|---|
Починал | 27 јуни 2014 Штутгарт, Германија | |
Занимање | спортист |
Животопис
уредиДимовски е роден на 15 март 1943 година во Шестево, Егејска Македонија. Тој заедно со Симеон Шутев, тој бил првиот Македонец борач, кој настапил на Олимписките игри во Мексико 1968 година. Бил учесник и на Средоземните игри, на европски првенства, на балкански првенства, освојувач на многу медали, еден од подобрите македонски борачи низ историјата. Борче Димовски бил член на БК Вардар, а по завршувањето на кариерата, останал да живее во Германија. Починал во Штутгарт, Германија на 27 јуни 2014 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ „IN MEMORIAM: Борче Димовски (1943-2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-08-03. Посетено на 2015-08-11.