Борис Џодовски
Џодовски Ѓорѓиев Борис е роден во село Ѓавато 1924 година во бедна фамилија. Уште како малечок Борис му помагал, а и подоцна често и самиот вршел препродавање на јаболка, дрва, риби и сл. за да ја издржува фамилијата. За време на окупацијата Џидовски со група прогресивни младинци ја помага НОБ, а кога во Ѓавото дошла Седмата бригада, ѝ се приклучил. Подоцна, на Сремскиот фронт, ѝ припаѓа на Втората македонска бригада каде зел учество во повеќе борби. Во една таква борба за Врполје, Џодовски бил тешко ранет, а нешто подоцна подлегнал на истите. Починал на 5 април 1945 година.
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |