Божиќен колач е вид на овошен колач што се служи на Божиќ во многу земји.[1] Може да биде во било која форма и големина, со било кој состав или декорација. Во многу земји, божиќниот колач се украсува со куќичка, елка, ликот на Дедо Мраз, и други новогодишни детали. Во Македонија, за Божиќ традиционално се подготвува сув колач со суво овошје.[2]

Божиќен колач
Традиционален божиќен колач
ВидОвошен колач
Дел од оброкотДесерт

Видови на „божиќен колач“ уреди

 
Божиќен колач со декорација

Во Шкотска, божиќниот колач се подготвува со виски, суво грозје, кандирани цреши и друг вид на кандирано овошје, според рецепт кој потекнува од градот Данди. Во Јоркшир, божиќниот колач се јаде со сирење. Во Германија, традиционалниот божиќен колач е сувиот овошен колач Штолен. Во Италија се подготвува вид на леб од кисело тесто, што содржи суво грозје и друг вид на кандирано овошје. На Кипар, божиќниот колач се служи на Божиќ, и тоа е првото нешто што домаќинот го нуди на своите гости.

Во Америка, постои обичај да се подарува овошен колач за Божиќ, иако не го нарекуваат „божиќен колач“.[3]

Во Јапонија, божиќниот колач се јаде на Бадник, односно вечерта пред Божиќ. Најчесто е подготвен со многу крем, украсен со јагоди и чоколадо.[4][5]

На Филипини, божиќниот колач содржи коњак или рум.

Наводи уреди

  1. http://www.thefreedictionary.com/Christmas+cake
  2. „Рецепт за божиќен колач“.
  3. Robert Sietsema (November 20, 2002). „A Short History of Fruitcake“. The Village Voice. Архивирано од изворникот на 2008-06-18. Посетено на 2017-01-07.
  4. Lee, Diana. „Eating Christmas Cake is a Japanese Tradition“. Uniorb. Посетено на 13 December 2015.
  5. Konagaya, Hideyo (2001). „The Christmas Cake: A Japanese Tradition of American Prosperity“. The Journal of Popular Culture. 34 (4): 121–136. doi:10.1111/j.0022-3840.2001.3404_121.x.