Строфа
Строфа (грчки: στροφή - „свртува, витка, вртење“[1]) — организирана комбинација од стихови, што закономерно се повторуваат во една песна. По правило, во поетските текстови стиховите се римуваат еден со друг според определен ред. Во литературата се среќаваат и поетски текстови без римa, таканаречени бели стихови.
Најмалку 2 стиха може да образуваат строфа. Има неколку видови строфи според бројот на стиховите што ги содржат:
- 2 стиха - дистих
- 3 стиха - терцина/терцет/хаику/тристих
- 4 стиха - квартина/катрен
- 5 стиха - квинта/квинтила
- 6 стиха - секстина
- 7 стиха - септина
- 8 стиха - октава
- 9 стиха - нона, специфичен вид (ababbcbcc) - (Спенсерова строфа)
- 10 стиха - децима
- 14 стиха - Онегина строфа
Наводи
уреди- ↑ Macedonian-Thesaurus_MKD[мртва врска] babylon - Free Online Dictionary