Богдан Ангелов
Богдан Николов Ангелов ( 1904 во Кнежево, Кратовско — 1944 во Црна Трава, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Богдан Ангелов | ||
Роден | 1904 година Кнежево, Кратовско, Македонија под Османлиска власт | |
---|---|---|
Починал | септември, 1944 година Црна Трава, во близина на Врање, Србија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиИзраснал во тешки животни услови кои длабоко се одразиле во формирањето на неговиот скромен карактер. Неговиот животен пат како земјоделец, бил исполнет со борба за одржување на скромен живот на своето осумчлено семејство. Во летото 1944 година се вклучил во единиците на НОВ, во Треттатa македонска народно-ослободителна ударна бригада. Во борбите на Црна Трава - Врањско, против бугарските фашистички војски бил тешко ранет. Другарите соборци се обиделе да му помогнат, но тој подлегнал на здобиените рани во првите денови на месец септември, 1944 година. Не ја дочекал саканата слобода за која се борел. Оставил зад себе шест деца. За смртта на Богдан неговите најблиски дознале по цели три месеци.[1]