Благоја - Гојан
Благоја - Гојан ( 1923 во Скопје — 1943 во Призрен) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејтво. Живеел во Скопје, каде завршил основно училиште. Им помагал на родителите во одгледувањето на градинарски култури. По окупацијата на Македонија почнал да се дружи со прогресивно ориентирани работници. Уште во 1941 година бил опфатен во напредна група. Во 1942 година бил примен за член на СКОЈ. Учествувал во многу акции против окупаторската фашистичка власт. Дејствувал меѓу младината, привлекувајќи нови приврзаници во народноослободителното движење. Собирал народна помош, а навечер учествувал во растурање на летоци. Есента 1943 година заминал во Шарпланинскиот партизански одред. Во меѓувреме главнината на одредот заминала во Западна Македонија. Тој останал со група партизани на Шар Планина, со задача постепено да се оформи нов поголем одред. Бил многу ценет меѓу партизаните како решителен борец, секогаш готов за акција. Ја доживеал провалата и разбивањето на одредот, а потоа се засолнил како илегалец. Во кратко време одново се нашол на Шар Планина, придружувајќи му се на новоформираниот партизански одред, кој дејствувал на тој терен во близината на селото Штрпце. Бидејки се приближувала зимата одредот тргнал да им се придружи на другите партизански единици. Патем учествувал во тешките борби против балистичките банди во близина на Тетово. По овие борби одредот се пробивал кон Призрен. Во една нова борба против балистите, во октомври 1943 година, го изгубил својот живот.[1]