Благоја Милчов Трајанов ( 1920 во Побожје, Скопско1942 во Црна Трава, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото. Имале малку ѝ неплодна земја ѝ поради тоа бил принуден да се занимава со сточарство, продавање на дрва и слично. Во 1941-1942 година на терените околу неговото село биле формирани и дејствувале Првиот и Вториот скопски партизански одред. Во меѓувреме добил повик и заминал на отслужување на воениот рок во бугарската окупаторска војска. На 10 јануари 1942 година избегал од единицата и стапил во Сврлишкиот партизански одред, со кој учествувал во многубројни акции и борби против окупаторот. Во една од тие борби есента 1942 година храбро загинал кај месноста Црна Трава, во близина на Врање.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 147. На |first= му недостасува |last= (help)