Битолски партизански одред „Пелистер“

Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“ (формиран над селото Лавци, Битолско, на 22 април, разбиен во Ореовската корија, кај селото Ореово, Битолско, на 3 мај 1942) бил прв партизански одред формиран во битолската околија. Во неговиот состав влегле 21 борец.[1] Одредот главно вршел обука на борците.

Спомен плоча на местото каде што е формиран Битолскиот партизански одред „Пелистер“
Спомен плоча на местото каде што е разбиен Битолскиот партизански одред „Пелистер“
Споменик за Битолскиот партизански одред „Пелистер“ во селото Ореово

На 1 мај командирот на одредот, Ѓорѓи Наумов, со уште двајца борци, Никола Георгиевски и Стефан Трајковски, се оддалечиле од логорот и паднале во рацете на бугарска патрола. Одредот се повлекол подлабоко во шумата, но на 3 мај бил сместен и опколен од бугарската војска. Поради апсењата и испраќањето борци да воспостават врска, во моментот на битката одредот броел 12 борци.[2] Во нерамна битка одредот бил разбиен, при што загинале шест борци (Димитар Николовски, Јоска Јорданоски - Сандански, Ордан Михајлоски, Елпида Караманди, Мара Јосифовска и Димче Хаџипоповски),[3][4] а Венда Христова била уапсена.[5] Вкупно биле уапсени 11 борци, а преостанатите четворица борци успеале да се илегализираат во Битола. Во битката, бугарската војска и полиција имале околу 30 загинати и ранети.[6]

Битката на одредот со бугарската војска е опеана во познатата партизанска песна „Таму ле, мајко, близу Битола“, напишана од Ајри Демировски (1950).[7]

Борци уреди

Во состав на одредот влегле:[8][9][10]

Наводи уреди

  1. „Сојуз на борци од НОАВМ - Битола „Настани 1942 година". Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 2012-11-13.
  2. Злате Ѓоршевски „Елпида Караманди - Бисера“, Битола, 1988, 98 стр.
  3. Владо Стрезовски, Ѓорѓи Димовски-Ласков, „7. македонска бригада и 49. дивизија на НОВJ“, Битола, 1987, 21-22 стр.
  4. „Битолските народноослободителни партизански одреди“, Битола, 1982.
  5. Злате Ѓоршевски „Елпида Караманди - Бисера“, Битола, 1988, 109 стр.
  6. „Зборник докумената и података o Народноослободилачком рату југословенских народа“, том VII, књига 1, Београд, 1952.
  7. „„Таму ле мајко близу Битола", текст и музика“. Архивирано од изворникот на 2018-07-21. Посетено на 2016-09-04.
  8. Владо Стрезовски, Ѓорѓи Димовски – Ласков „7. Македонска бригада и 49. Дивизија на НОВЈ“, Битола, 1987, 20-21 стр.
  9. Злате Ѓоршевски „Елпида Караманди - Бисера“, Битола, 1988, 84 стр.
  10. Дане Петковски, Владо Стрезоски „Борбена дејства у Западној Македонији 1941-1944“, Београд, 1983.