Димче Хаџипоповски
Димче Хаџипоповски (Буф, 1922 - Лавци (Битолско), 3 мај 1942) — македонски комунист, учесник во НОВ.
Димче Хаџипоповски | ||
Роден | 1922 Буф, Грција | |
---|---|---|
Починал | 3 мај 1942 Лавци, Битолско | |
Занимање | револуционер, партизан |
Животопис
уредиРоден е во леринското село Буф во 1922 година. По влегувањето на бугарските единици, Хаџипоповски бил повикан на воена служба. Заминал да го отслужи воениот рок, но се симнал на првата станица и заедно со уште дваесет луѓе стапил во контакт со Кочо Десано и му се приклучил на партизанскиот одред „Пелистер“. Таму обучувал други партизани да користат огнено оружје. Во мај 1942 година партизанскиот одред бил опколен над селото Ореово од фашистичкиот непријател. Во битката, покрај Димче Хаџипоповски загинале и Таки Даскало, Јоска Јорданоски-Сандански, Ордан Михајлоски, Елпида Караманди и Мара Јосифовска.[1][2]