Битката кај Мутах (арапски: معركة مؤتة , غزوة مؤتة‎) се одвила во септември 629 година[10] (или во Џумаде-л-ула според исламскиот календар[4]) во близина на селото Мутах, источно од реката Јордан и Карак, помеѓу силите на исламскиот пророк Мухамед и силите на Источното Римско Царство. Битката е дел од Византиско-арапските војни, а завршила со победа на Византија.

Битка кај Мутах
(غزوة مؤتة)
Дел од Византиско-арапски војни

Остатоци од џамијата каде се одвила битката
Датум септември 629[1]
Место Мутах, денешен Јордан
Исход Византиска победа, муслиманско повлекување
Завојувани страни
Муслимански Арапи Византија,
Гасаниди
Команданти и водачи
Зејд ибн Харита  
Џафар ибн Абу Талиб  
Абдулах ибн Равах  
Калид ибн ал-Валид
Теодор,
Ираклиј I,
Шурахбил ибн Амр
Сила
3,000[2][3][4][5] 100,000-200,000 (муслимански извори)[5][6][7][8]

10,000 или помалку (модерни процени)[9]

Жртви и загуби
12 (муслимански извори) [4] 3,000

Според муслиманската историја, Битката започнала како обид на муслиманите да се одмаздат на Гасанидите за убивање на еден муслимански пратеник, која битка завршила со повлекување на двете страни[11]. Според византиските извори, муслиманите планирале напад на денот на нивниот празник, но кога локалните византиски викари научиле за овие планови, византиската војска набргу заминала кон тврдините. Муслиманите исто така пренесуваат дека тројца од нивните водачи биле убиени[6].

Заднина

уреди

По договорот меѓу муслиманските сили во Медина и силите на Курејшите во Мека, Бадан, кој бил сасанидски гувернер на Јемен, го прифатил исламот заедно со уште неколку арапски племиња со кое силата на Медина дополнително се зголемила[12].

Мухамед го испратил својот емисар кај византискиот гувернер на Арабија, за да му го пренесе писмото наменето на својот император Ираклиј I. Но кај селото Мутах, емисарот бил погубен од страна на Гасанидите[13][14]. Ова било повод Мухамед да организира експедиција, која се состоела најголемата муслиманска армија која била соберена до тој период, за одмазда против Гасанидите и Византија[12].

Мобилизација на силите

уреди

Според подоцни муслимански историчари, Мухамед испратил 3,000 војници чија цел била да ги нападне и да ги казни сторителите на ова дело. Војската била предводена од страна на Зејд ибн Харита, втор по команда бил Џафар ибн Абу Талиб додека третиот бил Абдулах ибн Равах[4].

Од друга страна и водачот на Гасанидите започнал со подготовка на своите сили. Тој исто така ги повикал и Византијците на помош. Муслиманските историчари велат дека византискиот цар Ираклиј собрал армија и побрзал да му помогне на својот арапски сојузник, и дека на чело на армијата го ставил својот брат Теодор.

Кога муслиманските војници пристигнале во областа источно од Јордан и научиле за големината на византиската војска, тие сакале да почекат да се испрати дополнително засилување од Медина. Абдулах ибн Равах не се согласил со предлогот и експедицијата продолжила.

Битка

уреди

Битката се одбила кај Мутах, и муслиманските историчари ја негираат византиската супериозност. За време на Битката загинале сите тројца од муслиманските команданти. Според Ал-Букари, во телото на Џафар имало педесет прободни рани и ниту една од нив не била на неговиот грб. Гледајќи ја очајната состојба на муслиманските сили, Табит ибн ал-Аркам наредил повлекување, но на тоа не се согласил Халид ибн ал-Валид кој го презел водството над војската, и го убил арапскиот христијански командант по име Малик[15][16] .

Халид ибн ал-Валид, според муслиманските извори, една ноќ започнал со раздвижување на своите сили за да се направи впечаток кај Византијците дека пристигнува засилување од Медина. Тој исто така наредил и повлекување на својата коњаница зад ридот во текот на ноќта, а подоцна истата да се врати во текот на денот кога имало битка. Така според дел од муслиманските историчари, византиските сили се повлекле, а муслиманските заминале кон Медина.

По битката

уреди

По крајот на битката, кога муслиманските сили пристигнале во Медина тие биле остро критикувани за нивното наводно повлекување и биле обвинети за бегство. Целата ситуација била смирена кога Мухамед наредил да престанат обвинувањата велејќи дека муслиманите ќе се вратат во борбата против Византија а на Халид му ја дал титулата Saifullah или Мечот на Алах

Денеска, муслиманите кои загинале во битката се сметаат за маченици (Шахид). Според некои муслимански историчари, оваа битка претставувала стратешки успех, утврдувајќи го своето присуство меѓу арапските племиња. Муслиманскиот историчар Ал-Беладири напишал дека византискиот цар побегнал кон Антиохија кога разбрал за битката[17].

На местото каде се одвила битката, денеска постои мавзолеј[18].

Немуслимански извори

уреди

Настрана од муслимански извори, Теофан Исповедник во една хроника од 9 век ја опишал самата битка.

Според него, муслиманската армија ијмала намера да ја нападне на византиската на празникот, но Vicarius Theodorus (ова може да се смета како брат на императорот) научил за нивните планови и собрал сила од своите локални тврдини. Потоа, Теофан напишал дека тројца од муслиманските командити биле убиени и дека четвртиот побегнал од бојното поле[19].

Наводи

уреди
  1. Kaegi, W. Heraclius, Emperor of Byzantium. p. 231
  2. Ibn Qayyim Al-Jawziyya, Zad al-Ma'ad 2/155
  3. Ibn Hajar al-Asqalani, Fath al-Bari 7/511
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Saif-ur-Rahman Mubarakpuri, ar-Raheeq al-Makhtoom, "The Sealed Nectar", Islamic University of Medina, Dar-us-Salam publishers ISBN 1-59144-071-8
  5. 5,0 5,1 General A. I. Akram, The Sword of Allah: Khalid bin Al-Waleed, Chapter 6, p. 2
  6. 6,0 6,1 Gibb, H. A. R. (1993). „Muʾta“. Во Nuhl, F. (уред.). Encyclopaedia of Islam. 7 (Second. изд.). BRILL. стр. 756–757. ISBN 9789004094192. Посетено на 1 August 2012.
  7. Modern historian Walter Kaegi says that the battle was "probably a very modest clash".
  8. Kaegi, W. Heraclius, Emperor of Byzantium, Cambridge University Press, 2007, ISBN 0-521-03698-4, p. 231.
  9. Kaegi, Walter. Byzantium and the Early Islamic Conquests, Cambridge University Press, 1992, ISBN 0-521-48455-3, p. 79. "The numbers that the Byzantines raised are, of course, uncertain but unlikely to have exceeded 10,000."
  10. [Tarikhe Kamele Ebne Asir [1] Архивирано на 27 август 2019 г..rar\Tarikhe Kamele Ebne Asir [2] Архивирано на 27 август 2019 г. - RAR archive, unpacked size 133,877,880 bytes]
  11. Muhammad Husayn Haykal, The Life of Muhammad, Translated by Isma'il Razi A. al-Faruqi, 1976, American Trust Publications ISBN 0-89259-002-5
  12. 12,0 12,1 Sayed Ali Asgher Razwy (1996), A Restatement of the History of Islam and Muslims, The Battle of Mootah, ISBN 0-9509879-1-3
  13. Rogerson, Barnaby (2010-11-04). The Heirs Of The Prophet Muhammad: And the Roots of the Sunni-Shia Schism (англиски). Little, Brown Book Group. ISBN 978-0-7481-2470-1.
  14. Powers, David S. (2014-05-08). Zayd (англиски). University of Pennsylvania Press. ISBN 978-0-8122-0995-2.
  15. [3] Fath ul-Bari fi Sharh Sahih al-Bukhari; Za'd Al-Ma'ad. стр. 7/513, 514; 2/156. На |first= му недостасува |last= (help)]
  16. „Battle of Mutah“. Pakistan Defence (англиски). 2014-06-01. Посетено на 2023-11-25.
  17. Biladuri, Ahmad Bin Yahya Bin Jabir Al (2011-03-01). The Origins of the Islamic State: Being a Translation from the Arabic Accompanied With Annotations, Geographic and Historic Notes of the Kitab Futuh Al-buldan (англиски). Cosimo, Inc. ISBN 978-1-61640-534-2.
  18. "Muʾta", F. Buhl, in Encyclopaedia of Islam, Second Edition, edited by: P. Bearman, Th. Bianquis, C.E. Bosworth, E. van Donzel and W. P. Heinrichs. Brill, 2010. Accessed 2 October 2010 via Brill Online: [4][мртва врска]
  19. p. 36, The Chronicle of Theophanes, tr. Harry Turtledove, University of Pennsylvania, 1982, ISBN 978-0-8122-1128-3.

Надворешни врски

уреди
  • [5] Ar-Raheeq Al-Makhtum (THE SEALED NECTAR)
  • [6] The Life of Muhammad
  • [7] Sword of Allah

Поврзано

уреди