Битка кај Мараџ ал-Дебаџ
Битката кај Мараџ ал-Дебаџ се одвила во септември 634 година помеѓу силите на Византија и Праведниот Калифат на територијата на денешна Сирија. Битката е дел од Византиско-арапските војни и Муслиманското освојување на Сирија, а завршила со победа на Праведниот Калифат.
Битка кај Мараџ ал-Дебаџ | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Византиско-арапски војни Муслиманско освојување на Сирија |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Праведен Калифат | Византија | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Халид ибн ал-Валид | Тома | ||||||
Сила | |||||||
4,000 коњаница | 10,000[1] | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
мали | големи |
Заднина
уредиГрадот Дамаск бил освоен од страна на Праведниот Калифат по опсадата на градот која траела од 21 август до 19 септември 634 година. Оваа тврдина била првата која била освоена од Арапите по започнувањето на нивната инвазија кон Левант. Византискиот командант Тома, врховен командант и гувернер на Дамаск, како и зет на императоротр Ираклиј I, откако разбрал дека муслиманските војници влегле во градот преку источната порта, тој мудро успеал да го излаже на Абу Убајдах, како муслимански командант за мирно предавање на градот. Кога Халид ибн ал-Валид разбрал за мировниот договор, тој најпрвин рекол дека треба истиот да се почитува. Според него, доколку Римјаните разберат дека во Сирија муслиманите ја прекршиле гаранцијата за безбедност, тогаш при нивните идни битки и опсади, никој друг град нема да сака да се предаде со кое муслиманското напредување ќе се забави.
Сепак, Халид не бил доволен од одлуката. Грчкиот монофизитски свештеник Јона му предложил да ги брка протераните Византијци по три дена од договореното примирје. Тој исто така му дал скратен пат по кој побргу ќе ја престигнат византиската колона.
Битка
уредиПоради обилните дождови, византискиот конвој се дисперзирани на платото, барајќи засолниште од временските услови. Први од муслиманските сили до конвојот пристигнале самиот свештеник Јона, кој дополнително се запознал со состојбата на теренот и се вратил за да му ги пренесе информациите на Халид. Халид наредил напад кон византиските сили од четири страни. Првиот полк од 1,000 војници ги нападнале византиските сили од зад грб во јужниот дел, по ова следело нападот на коњаницата од 1,000 војници од источната страна, па од север за да се блокира нивното повлекување кон Антиохија[2], и на крај од запад за да ги заобиколат целосно.
Византијците за првпат го приметиле присуството на муслиманите кога ги виделе коњаниците од јужната страна, предводена од Зирар ибн Азвар. По некое време забележиле дека се целосно опкружени. Халид во битката лично го убил Тома, наводно во двобој. По неколку обиди, римскиот отпор пропаднал. Сепак, голем дел од византиските сили успеале да побегнат додека оние кои не биле убиени, останале заробени. Според хрониката, свештеникот Јона во толпата ја најдел својата сопруга, но кога таа го видела се самоубила. По ова, Халид му ја понудил ќерката на византискиот цар но тој ова го одбил. Јона починал по неколку години, во Битката кај Јармук[3].
Наводи
уреди- ↑ Survivors from the conquest of Damascus.
- ↑ Nicolle 1994, стр. 59
- ↑ Al-Waqidi & 8th century, стр. 55–56