Биста на Спасителот

Биста на Спасителот, позната и како Спасител на светот (Salvator Mundi), ― последната скулптура создадена од барокниот уметник Џан Лоренцо Бернини, кој починал од последиците од мозочен удар, кога уметникот имал 81 година. Тој ја оставил скулптурата во тестамент на својата пријателка и заштитничка кралица Кристина Шведска.[1] Сметана за изгубено и „повторно откриена“ во 2001 година, од Франческо Петручи,[2] моментално е чувана во базиликата „Св. Севастијан преку ѕидови“ во Рим.[3]

Биста на Спасителот
Творец Џан Лоренцо Бернини
Година 1679 (1679)
Вид Биста
Тематика Исус Христос
Место Црква „Св. Севастијан преку ѕидови“, Рим

Спор

уреди

Сепак, постои одреден спор околу авторството на бистата. Историчарот на уметност Томасо Монтанари верува дека оваа верзија не е на Бернини, туку посочувајќи ја верзијата во Крајслеровиот музеј во Норфолк, Соединети Држави, која музејот исто така му ја припишува на Бернини.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Lavin, Irving (1972). „Bernini's Death“. The Art Bulletin. 54 (2): 160. doi:10.1080/00043079.1972.10790612. JSTOR 3048966.
  2. FRANCESCO PETRUCCI: IL RITROVATO BUSTO DEL SALVATORE DI GIAN LORENZO BERNINI„Francesco Petrucci: Il ritrovato busto del Salvatore di Gian Lorenzo Bernini (Estratto dal fasc. 124)“. Архивирано од изворникот на 2020-08-21. Посетено на 2023-05-04.
  3. Feigenbaum, Gail (1 август 2014). Display of Art in the Roman Palace, 1550–1750 (англиски). Getty Publications. ISBN 9781606062982.
  4. „Bust of the Savior“. chrysler.emuseum.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-04-07. Посетено на 4 мај 2023.

Надворешни врски

уреди