Билјана Црвенкоска

македонски тренер и поранешна ракометарка

Билјана Црвенкоска (9 јуни 1983, Скопје) — македонска ракометарка. Кариерата ја почнала во 2001 година во Кометал Ѓорче Петров и во вкупно деветте сезони поминати во клубот (пет во Кометал ЃП и четири во Еуростандард ЃП) постигнала најголема афирмација како играч. Својата интернационална кариера Црвенкоска ја почнала во тимот на ГАС Артас од Грција (2006/2007). Една сезона настапувала и во тимот на Усќудар во Турција (2008/2009). Последните три сезони, од 2009 до крајот на 2012 година, го носела дресот на италијанскиот клуб Салерно.

Билјана Црвенкоска
Лични податоци
Име и презиме Билјана Црвенкоска
Роден(а) 9 јуни 1983(1983-06-09)(41 г.)
Скопје, Македонија
Националност Македонка
Спорт Ракомет
Висина 1.69 м (5 ст 7 ин)
Тежина 62 кг
Позиција Среден бек
Клупски податоци
Тековен клуб Македонија ЖРК Вардар
Број 51
Сениорски клубови
2001–2002
2003–2005
2005–2006
2006–2007
2007–2008
2008-2009
2009-2012
2012-
Македонија Кометал ЃП
Македонија Еуростандард ЃП
Македонија Кометал ЃП
Грција ГАС Артас
Македонија Кометал ЃП
Турција Усќудар
Италија Салерно
Македонија ЖРК Вардар СЦБТ
Репрезентација
  Македонија Македонија

Со репрезентацијата на Македонија, Билјана Црвенкоска настапила на три европски првенства (ЕП 2006 во Шведска, ЕП 2008 во Македонија и на ЕП 2012 во Србија) и на Светското првенство во Франција во 2007 година.