Билал Шуман (роден на 9 јуни 1968 година) — босанскохерцеговски поранешен ракометар и сегашен тренер. Тој бил тренер на клубот од данската Машка ракометна лига, КИФ Колдинг, и репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Билал Шуман
Лични податоци
Роден(а) 9 јуни 1968(1968-06-09)(56 г.)
Сараево, СР Босна и Херцеговина, СФРЈ
Националност Босанец-Херцеговец
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција Десно крило

Кариера

уреди

Како играч играл на десната крилна позиција за Игман Илиџа и Пелистер во поранешна Југославија и за КИФ Колдинг во Данска, а исто така ја претставувал и машката ракометна репрезентација на Босна и Херцеговина, забележал 32 настапи и постигнал 124 гола.[1][2]

Како тренер, Шуман работел во Колдинг каде што ја освоил лигата во сезоната 2013/14[2] и се квалификувал со Босна и Херцеговина на Европското првенство во ракомет за мажи во 2020 година. Тој останал селектор на Босна до 17 февруари 2021 година.[3][4]

Почести

уреди

Играч

уреди

КИФ Колдинг

  • Машка ракометна лига: 1992/93, 2000/01, 2001/02, 2002/03, 2004/05, 2005/06
  • Куп на Данска: 1998/99, 2001/02, 2004/05

Тренер

уреди

КИФ Колдинг

  • Машка ракометна лига: 2013/14

Поединечни

уреди
  • Селектор на годината на Босна и Херцеговина: 2019

Наводи

уреди
  1. „Bilal Šuman: Od Ilidže, preko Makedonije i Danske do klupe bh. tima“. www.aa.com.tr. Посетено на 2024-01-11.
  2. 2,0 2,1 „Bilal Šuman biografija | Biografija.info“. www.biografija.info. Посетено на 11 јануари 2024.
  3. „Historijski uspjeh rukometaša BiH: Osiguran prvi plasman na Evropsko prvenstvo!“. www.klix.ba (хрватски). Посетено на 11 јануари 2024.
  4. „Bilal Šuman više nije selektor rukometne reprezentacije BiH“. www.klix.ba (хрватски). Посетено на 11 јануари 2024.

Надворешни врски

уреди