Бик (кована пара од 2015 година)


Биккована пара за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија чија номинална вредност е 10 денари. Одлуката за издавање на парата била донесена на втората седница на Советот на Народната банка на Република Македонија одржана на 26 февруари 2015 година. Цената на апоенот во изнесува 2.700 денари. Оваа кована пара е дел од серијата на ковани пари „Хороскопски знаци“.[1]

Бик
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро 925
Тежина 21 г
Димензии 35 x 45 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2015
Цена 2.700 ден.

Опис

уреди

Лице

уреди

На лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е Грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“ и ознаката „Ag925“.[2]

Опачина

уреди

На опачината од парата е прикажана слика на глава на бик со три ѕвезди на челото. Левиот рог на бикот е поставен под вметнатото кружно кобалтно стакленце на коешто е насликано соѕвездието на хороскопскиот знак Бик. На долниот дел се прикажани симболот на хороскопскиот знак „Бик“ отпечатен на цвет и името на хороскопскиот знак на латински јазик. Одредени елементи на релјефот се насликани со злато.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Соопштение на НБРМ“. 26 февруари 2015. Посетено на 8 јануари 2018.
  2. 2,0 2,1 „Кована пара за колекционерски цели: „БИК". Посетено на 8 јануари 2018.

Надворешни врски

уреди