Бизмарк (Северна Дакота)

главен град на Северна Дакота, САД

Бизмарк (англиски: Bismarck) е главен град на Северна Дакота, држава во Соединетите Американски Држави. Именуван е по германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. По пописот во 2000 година, тој има население од 55 532 лица и е втор по големина град во Северна Дакота. Тој е окружен центар на округот Барли и лежи на реката Мисури.

Мисури

Локален весник е Бизмарк Трибјун (Bismarck Tribune). Бизмарк има меѓународен аеродром и две болници. Бизмарк е седиште и на државниот затвор на Северна Дакота.

Бизмарк е важен трговски центар за пченица и добиток.