Бенјамин Клајбринк

Бенјамин Клајбринк (герм. Benjamin Philip Kleibrink, р. 30 јули, 1985 во Крефелд) — германски мечувалец во дисциплината флорет.

Бенјамин Клајбринк на Европското првенство во мечување 2007
Бенјамин Клајбринк
Медали
Натпреварувач за  Германија
Мечување во машка конкуренција
Олимписки игри
Златен медал - прво место Пекинг 2008 Флорет (мажи)

Неговото најголемо достигнување е освојувањето на златниот медал во дисциплината поединечен флорет во машка конкуренција на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг. На овој натпревар тој ги поразил Кента Чида (15-10), Леј Шенг (15-7), Џу Џин (15-4), а на крај, во финалето и Јуки Ота (15-9). Клајбринк освоил второ место на Европското првенство во мечување во 2007 кога бил поразен со 15-13 од италијанецот Андреа Балдини. Освоил и бронзен медал на Светското првенство во мечување 2007, каде во полуфиналето со 15-4 бил поразен од сонародникот Петер Јопих.

Достигнувања

уреди
  Европско првенство во мечување 2007, флорет
  Светско првенство во мечување 2007, флорет