Беловрато муварче

Беловрато муварче
Возрасен мажјак
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Муварчиња
Род: Ficedula
Вид: Беловрато муварче
Научен назив
Ficedula albicollis
(Temminck, 1815)
Ficedula albicollis

Беловрато муварче (научFicedula albicollis) — мала врапчевидна птица од семејството на муварчињата. Таа е една од четирите црно-бели вида муварчиња. Се размножува низ југоисточна Европа (со изолирани популации на островите во Балтичкото Море, Шведска) и југозападна Азија. Таа е птица преселница што зимува под Сахара, во Африка. Редок скитник е во западна Европа. Оваа птица е честа во Македонија.

Опис

уреди

Оваа тица е долга 12-13.5 см. Мажјакот во сезона на парење е претежно црн одозгора и бел одоздола, со бел ѓердан, голема бела дамка на крилјата, црна опашка (иако некои мажјаци имаат бели агли по страните) и голема бела дамка на челото. Под опашката, задникот е светол. Клунот му е црн, широк и заострен на врвот, типичен за птиците кои ловат инсекти во лет. Освен со инсектите, овие птици се хранат со гасеници кои ги наоѓаат под кората на дабовите, како и со бобинки.

Кај мажјаците вон сезоната на парење, женките и младенчињата, црното е заменето со бледо кафеаво, и може тешко да се разликуваат од останатите муварчиња од родот.

Поведение

уреди

Живеалиштето на овие птици се отворените шуми, паркови и градини, во кои претпочитаат да има стари дрвја со дупки во кои ќе гнездат. Го градат гнездото во отворената дупка на дрвото или прифаќаат куќички за птици изградени од луѓето. Обично несат 5-7 јајца.

Песната му е бавен, развлечен свиреж.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Ficedula albicollis. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  • Veen T., Borge T., Griffith S.C., Saetre G.P., Bures S., Gustafsson L. & Sheldon B.C. (2001) Hybridization and adaptive mate choice in flycatchers. Nature, 411, 45-50.
  • J. Haavie, T. Borge, S. Bures, L. Z. Garamszegi, H. M. Lampe, J. Moreno, A. Qvarnström, J. Török, G.-P. Sætre (2004) Flycatcher song in allopatry and sympatry - convergence, divergence and reinforcement. Journal of Evolutionary Biology 17 (2), 227–237.

Надворешни врски

уреди