Бела Илеш
Бела Илеш (унгарски: Béla Illés; 22 март 1895 во Кошице — 5 јануари 1974 во Будимпешта) — унгарски ориентален новинар и писател. Неколку негови дела се преведувани на повеќе јазици. Се занимавал посебно со меѓукултурни теми од Закарпатската област, тогаш на границата на Австроунгарија и Руското Царство и со лошата положба на селата и националните малцинства (Русини, Евреи).
Во текот на 1916 година станал доктор на правни науки, за време на Првата светска војна се борел на романскиот, албанскиот и италијанскиот фронт. После кратката пауза во Виена се преселил во Советскиот Сојуз каде што работел во фабрика како обичен работник, а подоцна станал член на секретаријатот „Здружение на Советските писатели“. Во Втората светска војна бил доброволец во одбраната на Москва. Во Будимпешта се вратил во 1945 година и таму се занимавал со пишување на книги.
Дела
уреди- Doktor Utrius Pál honvédbaka iratai (1916)(Записи на војникот Пал Утријус)
- Ég a Tisza (1929) (Тиса и небото)
- Kárpáti rapszódia (1939) (Карпатска рапсодија)
- Új bor (1945) (Ново вино)
- Erdei emberek (1945) (Шумски луѓе)
- Zsatkovics Gergely királysága (1946) (Кралевството на Гергељ Затковиќ)
- Fegyvert és vitézt éneklek (1949) (Пеам на војникот и оружјето)
- Vígszínházi csata (1950) (Комична борба)
- Honfoglalás (1952) (Освојување)
- Harminchat esztendő (1956)(Триесет и шест години)
- Válaszúton (1958) (Раскрсница)
- Anekdoták könyve (1960) (Кинга на анегдотите)
- Lövészárokban (1966) (Во ров)
- Pipafüst mellett (1967) (Покрај чад од тутун)
- Varázsló inasok (1978) (Учениците на волшебникот)