Безгрижен (филм)
Безгрижен е американски, музичко-драмски филм, режиран од Херберт Рос во 1984 година. Во филмот се раскажува приказната за Рен Мек Кормак (Кевин Бејкон), весел тинејџер од Чикаго, кој се преселува во мал град ,каде како резултат на усилбите на локалниот свештеник Џон Литгоу, танцувањето и рок-музиката биле забранети.
„Безгрижен (1984)“ | |
---|---|
Податотека:FootloosePoster.jpg Picture of Footloose (1984) movie poster | |
Режисер | Herbert Ross |
Продуцент | Lewis J. Rachmil Craig Zadan |
Сценарист | Dean Pitchford |
Главни улоги | Kevin Bacon Lori Singer Dianne Wiest John Lithgow |
Музика | Tom Snow Jim Steinman Kenny Loggins Dean Pitchford (lyrics) |
Кинематографија | Ric Waite |
Монтажа | Paul Hirsch |
Студио | IndieProd Company Productions |
Дистрибутер | Paramount Pictures |
Премиера | февруари 17 1984 |
Времетраење | 107 minutes |
Земја | United States |
Јазик | English |
Буџет | $8.2 million |
Бруто заработка | $80,035,402 (USA) |
Филмот, слободно се заснова врз настани кои се случуваат во мала, рурална и религиозна заедница во градот Елморе, Оклахома.
Дејство
уредиРен Мек Кормак, воспитуван во Чикаго, со својата мајка се преселува во малиот град Бомонт, за да живеаат со неговите тетка и чичко. Веднаш по пристигнувањето во градот тој се запознава со пријателот Вилард, од кого дознава дека градското собрание ги забранило танцувањето и рок-музиката. Тој наскоро се вљубува во девојка- бунтовник, наречена Ариел, која има момче по име Чак Кранстон и заштичнички татко, Реверенд Шо Мур кој е моќна личност во градот.
По разменувањето на навреди со момчето на Ариел, тој е предизвикан да се натпреварува во играта со кокошки, вклучувајќи и трактор, што тој никогаш претходно немал возено, но сепак успева да победи. Рев Мур гледа со недоверба во Рен, и и забранува на Ариел да се гледа со него. Рен и неговите соученици сакаат да го укинат законот за танцување и да имаат матурска вечер.
Рен оди во градското собрание и чита неколку стихови од Библијата што духовно го поддржуваат танцувањето, како веселба, вежбање и слава. Мур е преместен и се обидува да го укине законот, но советот гласа против него. Жената на Мур го поддржува движењето, објаснувајќи му на Мур дека не може да биде сечиј татко, а скоро не и е татко ни на Ариел.Таа исто така вели дека танцувањето и музиката не се проблемот. Мур наскоро го менува мислењето гледајќи како градските жители ги горат книгите кои мислат дека се опасни за младите. Сфаќајќи дека ситуацијата излегува од контрола Мур го запира палењето.
Во неделата свештеникот Мур ги замолува присутните верници да се молат за матурата на учениците која е поставена надвор од границите на градот. Мур и неговата жена се видени надвор, танцувајќи за првпат после многу години.
Улоги
уреди- Кевин Бејкон како Рен Меккормак
- Лори Сингер како Ариел Мур
- Даен Виест како Ви Мур
- Џон Литгоу како свештеникот Шо Мур
- Кристофер Пен како Вилард Хјуит
- Сара Џесика Паркер како Расти
- Френсис Ли Мекејн како Етел Меккормак
- Џим Јонгс како Чак Кранстон
- Џон Лаугхлин како Вуди
- Лин Марта како Лулу Варницкер
Продукција
уредиДен Питчфорд го напишал сценариото ( и поголемиот дел од стиховите) за Безгижен , Херберт Рос го режирал филмот и парамоунт пикчерс го ко-продуцирал и го дистибуирал.
Мајкл Кимино бил најмен од страна на Парамаунт да раководи со филмот додека преговорите со Рос биле првично откажани. По четири месеци работа на филмот, го отпуштиле Кимино, кој имал екстравагантни барања за продукцијата, вклучувајќи дополнителна сума од 250,000 долари за работата и сето тоа завршило со повторно најмување на Рос.
Доделување улоги
уредиТом Круз и Роб Лоу беа избрани да ја одиграат улогата. Кастинг директорите беа импресионирани од Круз поради познатиот стриптиз танц-сцена од филмот „Ризична Работа“, но тој бил недостапен за делот поради снимање на филмот „Сите Правилни Движења“. Лоу бил на аудиција трипати и имал танцувачка способност и „неутрално тинејџерски” изглед кој го посакувал директорот, но бил спречен да ја одигра улогата поради повреда. На Бејкон му била понудена улогата на Стифен Кинг од филмот „Кристин“ во исто време кога му било понудено да се појави на пробниот тест за „Безгрижен“. Тој сепак одбрал да дојде на пробниот тест… После прегледот на неговиот претходен филм“Вечера”, директорот мораше да ги убеди продуцентите да го земат Беjкон.
Во „Безгрижен“ исто така глумеше Лори Сингер како независната ќерка на Реверент Мур-Ариел, улога за која и Мадона била на аудиција. Дерил Хана ја одби улогата да ја глуми Ариел, за да ја игра Мадисон во “Дамка”. Елизабет Мекговерн ја одби улога Дебора Геллу во филмот „Беше еднаш во Америка“. Мелани Грифит, Мишел Фајфер, Џејми Ли Кертис, Розана Аркет, Мег Тили, Јулија Луј-Драјфус, Хедер Локлир, Мег Рајан, Џенифер Џејсон Ли, Џоди Фостер, Фиби Кејтс, Тејтум О'Нил, Бриџит Фонда, Лори Логлин, Дајан Лејн и Брук Шилдс, сите беа земени предвид за улогата на Ариел. Даен Виест се појави како Ви, свештеникот кој и е посветен на уште неусогласената сопруга.
„Безгрижен“ се истакнува со раната филмска појава на Сара Џесика Паркер, како Расти- пријателка на Ариел, за која што улога таа беше прогласена за најдобра млада споредна женска улога во Мјузикл, Комедија, Авантура или Драма, номинацијата на Шестиот годишен филмски фестивал за млади. Исто така рана улога имаше и Крис Пен како Вилард Хјуит, кој беше учен како да танцува од страна на неговиот пријател Рен.
Снимање
уредиФилмот е сниман на различни локации во Јута Каунти, Јута. Средното училиште и сцените со тракторот се снимени во и околу Пејсон, Јута и средното училиште во Пејсон. Сцените со црквата се снимени во Американ Форк , Јута. Мелницата беше Женевската челична мелница .Крајната секвенца беше снимена во Лехи, Јута вклучувајќи ја “ Лехи Роллер Миллс” мелницата во оваа секвенца. За сцената во магацинот Бејкон рекол дека има четворица дублер-парови (акробати): ” Имав дублери, танчерски пар “Петер Трам” и два гимнастички пара.”
Тонски запис
уредиТонскиот запис бил снимен на касета, во осум ленти, на винилска плоча и на компактен диск. Тонскиот запист бил повторно преснимен на компактен диск за петнаесетгодишнината од филмот во 1999 година. Повторното преснимување содржело четири нови песни : “Треснете ја главата” од Риот , “Боли толку добро” од Џон Меленкамп, “Чекајќи девојка како тебе” од Странецот и продолжената дванаесетта “ ремиксот на “Танцување по листови” .
Тонскиот запис е составен од 4 рок синглови – насловната песна и “Јас сум слободен” од Кени Логинс, “Holding Out for a Hero" на Велш во изведба на Бони Тајлер и “Никогаш” од страна на австралискиот рок бенд Мувинг Пикчерс. “Подвижни слики” (песната се изведува додека Бејкон танцува сам на сцена), три синглови : "Ајде да слушнеме за момчето" на Денис Вилијамс, “Нечиви очи” на Карла Боноф и "Танцувајќи по листовите" на Шаламар и љубовната тема "Скоро рак" на Мајк Рено од Лавбој и Ан Вилсон од “Харт”. Некои од песните биле компонирани од Ерик Кармен и Џим Стејнман, а тонскиот запис (саундтракот) бил распродаден во повеќе од 9 милиони копии во Америка.
Првите две нумери биле хит број 1 на Билборд Хот 100 и во 1985 година добиле номинација за Оскар за најдобра музика (Оригиналната песна).”Безгрижен” исто така добил златен глобус во 1985 година во номинацијата за најдобра оригинална песна.
Прифаќање
уредиКритично прифаќање
уредиФилмот доби разни критики, држејќи 56% од рејтингот на Ротен Томејтос на 20 април 2013 година. Критичарот Роџер Еберт од “Чикаго Сан Тајмс” го нарече филмот “сериозно збунувачки филм обидувајќи се да направи три работи и сите тие ги прави лошо”. Дејв Денби во Њујорк го прекрсти филмот во “Шлокденс” пишувајќи: “Безгрижен” може е хит, но тој е ѓубре –“сточна храна” за тинејџерскиот пазар... Единствената личност која излезе подобра од филмот е мазниот, со истакнати јаболчници и прчлест нос-Бејкон, кој дава скокотлицва но допадлива изведба на Господин Кул. Џејн Ламакрафт преиспитувајќи го филмот за “Сајт енд Саунд”- "заборавеното задоволство на мултиплексот" во 2010 година, пишувајќи "Речиси три децении, танцот на Бејкон во мелницата изгледало добро во 80-тите, но остатокот од драмата на Рос ја носи неговата возраст, реално уживање во песните и танцувањето за претходната генерација.
Box office
уредиИ покрј критичките осврти филмот заработил $80,035,403 долари во земјата.
Музичка верзија
уредиМузичката верзија на Безгрижен започнала во 1999 година, вклучувајќи ги истите песни од филмот, била презентирана на лондонскиот Вест Енд на Бродвеј и на други места. Мјузикалот е соодветен на филмската верзија со исклучок на мали безначајни разлики во приказната и карактерите.
Римејк
уредиПарамоунт пикчерс ги објавил плановите за брз музички римејк на Безгрижен. Римејкот бил напишан и режиран од страна на Грег Бревер.
Парамоунт ја открил целата екипа на 22 јуни 2010 година, со Кени Вормалд како Рен Меккормик , Џулиане Хоух како Ариел, и Денис Кваид како Рев. Шав Мур како свештеникот Мур. Таа е поставена во измислениот град Бомонт, Грузија и исто така била и снимана во Грузија.
Снимањето започнало во септември 2010година. Било буџетирано со 25 милиони долари. Датата на реализација е 14 Октомври 2011.
Надворешни врски
уредиВидете footloose во Викиречник, слободниот речник. |
- Footloose на Allmovie
- Footloose на Box Office Mojo
- Footloose на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Footloose на Rotten Tomatoes.
- Footloose Архивирано на 20 декември 2013 г. at The Numbers
- Footloose Архивирано на 22 септември 2007 г. Review, history and filming locations