Бајки (приказни од Ханс Кристијан Андерсен)
„Бајки“ е книга со приказни од Ханс Кристијан Андерсен, издадена од „Македонска книга” и „Детска радост“, во 1967 година”, како прва книга од серијата „Одбрана лектира за 1 и 2 одделение“. Преводот го извршил Борис Благоески.
Технички одлики
уредиКнигата има 63 страници и не е каталогизирана. Таа е испечатена во тираж од 10 000 примероци, во печатницата „Нова Македонија“. Корицата е дело на Младен Туниќ.[1]
Содржина
уредиВо книгата се содржани осум приказни на Х.К. Андерсен:[2]
Занимливости
уредиПокрај сказните, книгата содржи и куса биографија на Х. К. Андерсен, со наслов „Белешка за писателот“ која не е потпишана. Покрај другото, во неа пишува: „Андерсен во данската и во светската литература останува познат по своите сказни. За него Шекспир вели: Андерсен е оној чуден Данец, којшто е направен од она од што се направени и соништата“.[3] Меѓутоа, авторот на оваа белешка изумил дека Шекспир (кој умрел во 1616 година) никако не можел да даде изјава за Андерсен, кој е роден во 1805 година, т.е. два века подоцна!