Славејот (сказна од Х.К. Андерсен)
„Славејот“ (дански: Nattergalen) — сказна на Ханс Кристијан Андерсен од 1843 година.
Содржина
уредиВо Кина, царот имал голем дворец со уште поголема градина која се протегал до шумата крај морскиот брег. Во шумата живеел еден славеј кого често го слушал рибарот кој живеел во близината. Постепено, неговата преубава песна го привлекло вниманието на сите луѓе и набргу дури почнале да пишуваат и книги за него. Така, еден ден, читајќи таква книга, царот дознал дека во неговата градина живее славеј кој пее убаво и наредил да му го донесат. Меѓутоа, управникот на дворецот и другите дворјани немале чуено за славејот и не знаеле каде живее тој. Сепек, девојката која работела во кујната ги довела до шумата во која живеел славејот и му кажала дека царот имал желба да го слушне неговото пеење. Славејот се согласил и така го однеле во дворецот. Таму, штом почнал да пее, тој ги воодушевил сите присутни, а царот бил многу задоволен и така славејот останал да живее во дворецот каде кон него се однесувале со големи почести. Меѓутоа, еден ден, царот добил подарок од јапонскиот цар - механички славеј, украсен со скапоцени камења. Царот и дворјаниет биле воодушевени од подарокот. На почетокот, механичкиот и вистинскиот славеј пееле заедно, но нивното пеење не било усогласено така што потоа пеел само вештачкиот славеј. Додека сите му се воодушевувале на механичкиот славеј, кој постојано ја пеел истата песна, вистинскиот славеј побегнал надвор. Поради тоа, тој бил прогонет од царството, додека механичкиот славеј ги уживал сите почести. По една година, механичкиот славеј се расипал. Часовничарот успеал да го поправи, но оттогаш, тој пеел само еднаш годишно. така поминале пет години и царот се разболел. Додека тој лежел тешко болен, сите го прежалиле и веќе избрале друг цар. Еден ден, болниот цар имал привидение: смртта му седела на градите, а пред него се појавувале сите негови добри и лоши дела. Тогаш, под прозорецот се појавил славејот, кој слушнал за болеста на царот и дошол да го утеши со својата песна. Благодарение на неговото пеење, привиденијата исчезнале, смртта ја напуштила собата, а царот оздравел. Славејот му ветил на царот дека одвреме-навреме ќе доаѓа за да му пее при што ќе му кажува што се случува во царството. Утредента, коаг слугите влегле во собата мислејќи дека царот е мртов, тие се вџашиле кога царот ги поздравил со: „Добро утро“.[1]
Наводи
уреди- ↑ Ханс Кристијан Андерсен, Бајки. Скопје: Македонска книга и Детска радост, 1967, стр. 49-60.