Баја Саитовиќ-Лукин
Бајрам Баја Саитовиќ-Лукин (српски: Бајрам Баја Саитовић-Лукин) (Прокупље, 1954 - Прокупље, 2017) – ромски поет, преведувач, активист и советник за ромски прашања во Канцеларијата за човечки и малцински права во Владата на Србија.[1]
Баја Саитовиќ-Лукин Баја Саитовић-Лукин | ||
Роден | 1954 Прокупље | |
---|---|---|
Починал | 2017 Прокупље | |
Националност | Ром | |
Занимање | поет, преведувач |
Животопис
уредиБаја Саитовиќ-Лукин е роден во 1954 година во Прокупље, каде завршил основно и техничко училиште. Филозофски факултет завршил во Скопје и магистрирал социологија.[2]
Работел како професор по филозофија и етика во средното училиште во Прокупље и бил директор на претшколската установа Невен.
Бил и советник за ромски прашања во Канцеларијата за човечки и малцински права во Владата на Србија. Починал во 64-тата година.[3]
Книжевно-научна работа
уредиБил соработник во Топлички новини. Објавил неколку трудови за културниот идентитет на Ромите. Соработувал во истражувањето и пишувањето на книгата Култни места и културата на смртта меѓу Ромите.[4] Во 2014 година го објавил трудот Културниот идентитет на Ромите во Топличката Област и, Религијата и верските обичаи на Ромите во 2016 година.[5]
На ромски ја превел Мачките перат веш: бајки на Ромите од југоисточна Србија,[6] и книгата за деца Учениче прваче – Angluno sikavno.[7]
Неговата поезија е застапен во Антологија на ромска поезија во Србија.[8]
Двојазичната збирка песни Ak avilam = Еве стигнавме ја објавил во1999 година.[9]
Освоил први места на Републичкиот натпревар за поезија на Ромите и на Меѓународниот натпрева за поезија на Ромите во Будимпешта.[10]
Наводи
уреди- ↑ „Bajram Baja Saitović“. romaworld.rs. Посетено на 3 април 2021.
- ↑ „Portret čoveka i druga za nezaborav“. toplickevesti.com. Архивирано од изворникот на 2020-09-22. Посетено на 3 април 2021.
- ↑ „Bajram Baja Saitović IN MEMORIAM“. tvzonaplus.rs. Посетено на 3 април 2021.[мртва врска]
- ↑ „BAJA SAITOVIĆ-LUKIN“. sveske.ba. Посетено на 3 април 2021.
- ↑ „Saitović-Lukin, Baja“. worldcat.org. Посетено на 3 април 2021.
- ↑ „zapisi64“. bibliografije.nb.rs. Архивирано од изворникот на 2020-07-16. Посетено на 3 април 2021.
- ↑ „Moj komšija Rom“. rtk.rs. Посетено на 3 април 2021.
- ↑ „Antologija Romske Poezije - Srbija“. sveske.ba. Посетено на 3 април 2021.
- ↑ „Ak avilam = Evo stigli smo“. plus.sr.cobiss.net. Посетено на 3 април 2021.[мртва врска]
- ↑ „OSI Announces Winners of the Roma Literary Awards“. opensocietyfoundations.org. Посетено на 3 април 2021.